Психолошки последици врз децата со дислексија
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted October 1, 2022

Што чувствуваат учениците со дислексија?
Според научните истражувања лицата особено учениците со дислексија најчесто се соочуваат со следните емоционални состојби, кои дополнително создаваат проблеми кај самиот ученик, покрај проблемите кои произлегуваат од самата дислексија.
Лоша слика за себе и фрустрации
Првите години од образованието се периодот кога секое дете ја гради сликата за себе и период кога детето треба да го разреши конфликтот помеѓу позитивната слика за себе и инфериорноста. Кога детето наидува на грешки и фрустрации, тоа учи дека е инфериорно во однос на другите и дека неговите напори даваат многу мали резултати. Самодовербата и позитивната слика за себе доаѓаат со постигнувањето на успеси во училиште. Кога едно дете кое нема дислексија покажува успех во училиште тоа си го припишува на своите вложувања. Кога тоа исто дете ќе направи грешка, тоа му е знак и мотив да се потруди повеќе. Кога пак едно дете со дислексија ќе покаже успех, тоа го припишува на среќни околности, а кога ќе направи грешка тогаш тоа едноставно се гледа себеси како глупаво. Наместо чувство на моќност и продуктивност, тие имаат чувство дека околината ги контролира и дека се некомпетентни и инфериорни. Истражувачите укажуваат дека ваквото чувство на инфериорност особено се развива околу десеттата година. После оваа возраст е многу тешко да се изгради позитивната слика за себе, а со тоа и самодоверба. Ова е моќен аргумент за рана интервенција.
Фрустрациите кај децата со дислексија воглавно доаѓаат од таму што тие не можат да ги исполнат очекувањата од околината. Родителите и наставниците гледаат бистро дете со ентузијазам кое и покрај напорите не може добро да чита и да пишува. Со тек на време може да се слушне: „Но тој е толку бистро дете – барем малку повеќе да се потруди“. Иронично, но никој не знае всушност колку тие деца се трудат. Кај учениците со дислексија болката што не можат да го постигнат очекуваното е огромна, особено кај оние ученици кои се стремат кон перфекционизам, а не можат да го достигнат. Тие се развиваат во личности кои мислат дека правењето на грешки е вистински ужас.
Постојаните етикетирања како мрзеливи, глупави, неспособни, ретардирани придонесуваат за постојано зголемување на фрустрациите кај учениците.
Анксиозност
Анксиозноста е најчеста емоционална состојба која се јавува кај децата со дислексија. Учениците со дислексија стануваат плашливи поради константната фрустрација и збунетост во училиштето. Претпоставувајќи дека ќе направат некоја грешка, секоја нова ситуација за нив може да предизвика анксиозност. Затоа лицата со дислексија се обидуваат да ги избегнат сите ситуации за кои тие мислат дека можат да ги збунат и при тоа да направат грешка. Поради ваквиот вид на страв, учениците со дислексија избегнуваат да учествуваат во школските активности и пишувањето на домашни задачи. Во најголем број на случаи, родителите и наставниците ваквото однесување го припишуваат на мрзеливост и незаинтересираност.
Гнев
Гневот е исто така честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите од лошиот успех и од неприфаќањето оd страна на соучениците. Гневот најчесто се изразува кон наставниците, соучениците, а не ретко и кон родителите. Тие всушност се гневни и на самите себе. Во училиште, најчесто, за да не им бидат разоткриени грешките од кои тие најмногу се плашат, учениците со дислексија се максимално пасивни. Но кога детето ќе дојде дома, во безбедна средина, силното чувство на гнев е насочено кон мајката која се обидува да му помогне. Детето уште помалку сака да прави грешки пред родителот и истовремено да го разочара и да не ги исполни неговите очекувања.
Од друга страна токму ученикот со дислексија може да биде и оној ученик кој што е најнемирниот или ученикот со најнепримерно поведение во одделението или класот. Која стратегија ќе ја примени ученикот дали ќе биде повлечен или непримерен зависи од самиот него или од опкружувањето. Некогаш ученикот преку тоа што создава проблеми во училиштето го изразува својот гнев. Во периодот на адолесценција, кај младите се јавува огромен внатрешен конфликт поради посакуваната независност од домашните, наспроти зависноста од родителите кои му помагаат при учењето. Затоа гневот на адолесцентите со дислексија , најповеќе е насочен кон оние од кои се зависни, односно родителите. Од овие причини, тешкотиите со кои се соочуваат родителите на адолесцентите со дислексија , во обидот да им помогнат , се огромни па дури и непремостливи.
Депресија
Депресијата е честа компликација како резултат на претходно наведените состојби, односно лошата слика за себе, фрустрациите, гневот и анксиозноста. Иако многу луѓе со дислексија не се депресивни, сепак ризикот за појава на чувство на тага кај дислексичарите е висок. Децата и адолесцентите различно ги манифестираат чувствата на тага од возрасните со дислексија. Кај нив најчесто тие чувства се невидливи, прикриени со поголема активност или летаргичност. Не сакаат да зборуваат за тоа како се чувствуваат и често не изгледаат несреќни. Како и да е, и децата и возрасните кои се депресивни имаат три заеднички карактеристики: Прво, тие се склони да имаат негативни мисли за себе, што влијае на градењето на лоша слика за себе. Второ, тие се стремат да го гледаат светот негативно, не ги уживаат позитивните искуства кои ги нуди животот и со тоа се спречени да имаат забавен и среќен живот. И трето, тие не гледаат светла перспективна иднина туку животот го гледаат како континуитет на сопствени грешки.
Заклучок
Најважно од сè е возрасните, родителите и наставниците да ги разберат потенцијалните проблеми со кои можат да се соочат децата со дислексија во текот на нивниот развој и да изградат стратегии за да им помогнат. Родителите и наставниците треба да ги разберат чувствата на децата со потешкотии, или да изнајдат начини и да ги научат да зборуваат за своите чувства. Потребно е да се наградува трудот, а не само резултатот од работата. За учениците многу е поважно да се потенцира прогресот наспроти оценките.
Од наведените емоционални состојби кои може да го следат детето со дислексија може да се заклучи дека тие се многу чувствителни, особено ако се доживуваат поразлично од другите, на било кој начин.
Постојат многу начини кои би му помогнале на ученикот да ја зголеми или да ја одржи својата самодоверба. Еден од најефективните начини е наставникот да ги согледа областите каде што ученикот покажува резултати и за тој успех да добие вистинско признание. Вистински ефекти доколку ученикот биде убеден дека признанието е поврзано со неговите постигнувања. Кога ученикот ќе се убеди себеси дека е неуспешен, навистина е тешко да се сменат овие чувства. Во ваквите случаи треба да се направат дополнителни напори за ученикот да ја смени прецепцијата за себеси. Ова може да биде долготраен процес, во кој се потребни дополнителна поддршка, признание и претпазливо однесување. Доколку се одлучи на ученикот да му се соопшти дека има дислексија, многу е важно ученикот да добие јасна слика за што станува збор. Ова може да стане позитивна алатка за младото лице ако дислексијата се објасни како разлика, а не како недостаток. Во секој случај, подобро е на детето да му се даде објаснување за причините поради кои има тешкотии со некои задачи, отколку тоа за себе да мисли дека глупаво и неспособно.