Што претставува дислексијата?
Зборот дислексија потекнува од грчкиот збор ”dys” што значи тешкотија и “lexis” што значи јазик, или дислексија може да има значење “ тешкотии со зборови/јазик“. Дислексијата најдобро се опишува како комбинација од способности и тешкотии кои се однесуваат на процесот на учење во неколку области: читање, спелување, пишување и некогаш математиката. Брзината на процесирање, краткотрајната или работна меморија, смисолот за редослед, визуелната и аудитивната перцепција, говорниот јазик и моторичките вештини , честопати се вештини кои им недостасуваат на учениците со дислексија. Дислексијата не зависи од интелигенцијата, од социо-економските услови, ниту пак од начинот на подучување. Едноставно, мозокот на учениците со дислексија ги прима надворешните информации, пишани или говорни, на различен начин. Дислексијата е состојба која има невролошко потекло, и истата не преставува болест и не се лекува.
Дислексијата не е предизвикана од лоши училиштата, не е предизвикана од лоша наставна практика ниту пак од несовесни родители или пак од тешки услови за живот во домашната средина. Овие фактори може да ги направат работите потешки за дете со дислексија, но никако не може да предизвикаат детето да развие дислексија.
Дислексијата не треба да се гледа како попреченост туку како различен стил на учење и различен начин на размислување. Востановениот образовен систем кој се применува во нашата држава не е соодветен за стилот на учење на учениците со дислексија. Токму затоа вие сте тие кои најмногу можете да им помогнете на учениците со дислексија полесно да го совладаат образовниот процес.
Дислексијата најлесно можеме да ја дефинираме како: „Состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорениот јазик и создава потешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето.”
Според теоријата на Рон Дејвис менталната функција која ја предизвикува дислексијата е дарба во вистинска смисла на зборот : природна способност, талент. Ова не значи дека сите деца со дислексија ќе развијат екстремни таленти, но сепак сите тие имаат одредени заеднички ментални функции како што се : креативноста, интуицијата , размислување “out of box” и гледање на имагинарните слики како 3Д проекции.
Ова оди во прилог на теоријата дека лицата со дислексија доминантно ја користат десната хемисфера од мозокот преку која се контролирани токму овие карактеристики. Учениците со дислексија најчесто се бистри и креативни, ја гледаат големата слика на нештата наспроти деталите. Не ретко се случува ученик со дислексија со забележителни симптоми на тешкотии во читањето и пишувањето, да го знае одговорот на некое прашање или задача а да не знае да објасни како дошол до решението. Ова доаѓа од холистичкиот пристап кои тие го имаат и кој е карактеристичен за десната хемисфера од мозокот.
Преку ова видео можеме најлесно да го увидиме начинот на кои што размислуваат учениците со дислексија 👇👇👇
Важно да се запомни!
Кај лицата со дислексија многу поразвиена е десната хемисфера на мозокот, токму затоа тие најчесто се многу креативни личности.
Дислексичарите размислуваат доминантно со слики, а не вербално, поради што се соочуваат со дешифрирање на пишаните зборови кои не претставуваат слики туку симболи за некој предмет, појава, активност, опис итн. Гледајќи во пишаниот симбол, на ученикот со дислексија му е потребна силна мозочна активност да го трансформира симболот во реална слика која ја бара неговиот начин на сликовито размислување. Именките, глаголите и придавките не претставуваат особен проблем. Познавајќи го говорниот јазик тие ќе може да ги претстават како слика овој вид на зборови, но збунетоста настанува кога ќе наидат на кратките зборови како што се сврзниците, прилози и предлози , како и заменките. Интерпукциските знаци скоро и да не ги забележуваат.
Карактеристично за дислексичарите е непостојаноста, непредвидливоста и варирање на способностите од ден на ден и од час на час.