До кога ќе ги обвинуваме децата со дислексија поради нашите постапки?
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted October 3, 2022

До кога ќе ги обвинуваме децата со дислексија поради нашите постапки?
Многу често на сите ни се случува да ги обвинуваме децата. Ги обвинуваме дека го оставаат светлото вклучено, дека не си ги собираат садовите после јадење, дека се премногу гласни итн. Сите овие работи се оправдани и доколку го остават светлото вклучено, а излегле од собата треба да понесат одговорност и треба да ги научиме зошто е важно за се исклучи светлото пред да се напушти собата. Но, да ги обвинуваме децата што не успеале да научат да читаат и потоа да ги караме затоа што вербално го искажуваат своето незадоволство е сосема погрешно и е многу веројатно да предизвика непоправлива штета.
Обвинување на децата
Како и да е, денеска бев на состанок во училиштето на мојот син, на кој се зборуваше за одредена програма за читање и како функционира компјутерскиот дел на истата. Всушност, учениците можат да се снимаат себе си додека читаат некој параграф од текстот, а подоцна наставникот може да го ислуша снимениот дел. Наставникот со кој имав средба сподели со мене дека некое момче кое се обидувало да го прочита пасусот, наизменично викало “ова е глупаво” и “го мразам ова” додека го читал пасусот. Да се потсетиме дека детето мислело дека е само и мислело дека му зборува само на компјутерот, така што ова не е изразување на непочитување спрема наставникот, туку само еден многу искрен момент. Кога го слушнав ова си помислив ова е едно дете кое се мачи со читањето и работи сам на компјутерска програма, хммм, можеби тоа што го кажа било израз на фрустрација и умор. Или можеби пасусот кој го читал за него бил глупав и досаден, сепак сите ние си имаме различен стил на учење и различни размислувања нели? Но, наставникот гордо ја сподели со мене својата одлука да ја пушти снимката пред останатите ученици, воедно врсници и соученици на момчето кое го читало пасусот, за да можат да слушнат што кажало момчето. Момчето сигурно го преколнувало наставникот да ја исклучи снимката и да му даде шанса да ја пресними снимката. Но, штетата е веќе направена. Обвинувањето на детето дека не ја сака компјутерската програма е веќе завршено.
Но, станува уште поинтересно. Друго дете гледало видео со инструкции направено од самиот издавач кој направил и предавал одреден концепт. Кога истиот тој наставник, кој го спомнавме претходно, увидел дека детето не го разбрало концептот, решил да го натера детето повторно да го гледа видеото, како казна. Молам? Значи, наставникот го обвинува детето дека не го разбрало видеото од првото гледање и затоа го казнува. Само да напоменам дека видеата не се “учители” и не сите луѓе ги разбираат. Исто како што не сите лица со дислексија уживаат да слушаат аудио книги. Не сите ученици го сакаат процесот на учење да читаат.
Срамење на децата
И во двата случаи, учениците биле обвинети затоа што ваквиот вештачки начин на учење не соодветствувал со нивните потреби и начин на учење. Едното момче било обвинето бидејќи го искажало своето мислење во момент каде мислело дека е само и дека никој не го слуша. Можеби проблемот е едноставно во начинот на предавање на знаењето, а не во детето. Можеби проблемот е околината, а не детето.
Не ве повикувам заедно да ги обвинуваме наставниците, тоа би било глупаво. Ова е повик до сите нас кои сакаме и работиме со деца кои се соочуваат со потешкотии во учењето, да ги избираме внимателно и паметно зборовите и постапките кои ќе ги применуваме. Обвинувањето на овие деца може да биде опасно. На овие деца за кои слушнав денеска им се испраќа порака дека тие се проблемот и дека тие се виновни што не го разбираат овој програм и што истиот нема ефект врз нивното учење. Им праќаме порака дека доколку се трудат повеќе и слушаат подобро, ќе успеат да научат. Не знам за вас, но јас не мислам дека тоа е во ред. Проблемот е во програмата, а не во детето. Проблемот е во начинот на пласирање на информациите, а не во детето. Проблемот е во очекувањата, не во детето. Детето е само дете…
Текстот е преземен од : http://www.dyslexiatraininginstitute.org