Дислексија-проблемот со читањето и пишувањето присутен кај учениците, невидлив кај институциите
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted October 3, 2022

Дислексија-проблемот со читањето и пишувањето присутен кај учениците, невидлив кај институциите
Дислексијата е состојба во која постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. како и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, лицата со дислексија имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед.
Лицата со дислексија можат да ги разберат комплексните идеи но потребно им е повеќе време за анализа на поединечните информации и детали. Навремената детекција на оваа состојба е од голема важност во градењето на психички и емоционално здрава личност. Дислексија не се надминува, но со соодветно обучен кадар и со стручни лица истата може да се корегира и да се надминат тешкотиите кои произлегуваат од истата. Иако дислексијата е доживотна состојба и личноста која има дислексија ќе ја има цел свој живот, постојат голем број на методи за работа со овие лица , во однос на ублажување и олеснување на функционирањето на дислексичарите во секојдневниот живот. Иако и доцната детекција на дислексија не е воопшто страшна, сепак навременото откривање на истата ќе овозможи да се избегнат негативните ефекти кои произлегуваат од ненавременото препознавањето на дислексијата.
Кај секоја личност оваа состојба влијае различно, во зависност од карактерните особини на личноста. Меѓутоа експертите се согласуваат околу ставовите дека неоткриената дислексија предизвикува висок степен на анксиозност, гнев, стрес, депресија, лоша слика за себе и многу слаба самодоверба.
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН преку проектот “Инфо ѕид за дислексија го создаде првиот Македонски тест за самопроценка на дислексијата и со истиот спроведе истражување за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците од територијата на цела Македонија. Од истото се потврдија веќе очекуваните резултати односно дека дислексијата е застапена кај 12,6% од испитаните ученици. Исто така преку истражувањето се доби и значајна разлика во застапеноста на дислексијата во средните училишта со гимназиско образование и средните училишта со стручно образование. Во некои од средните стручни училишта дислексијата е застапена дури кај 20% од испитаните ученици.
Наставниот кадар нема доволно искуство, пред се затоа што дислексијата во нашата држава е позната од пред неколку години од кога се формираше здружението за дислексија АЈНШТАЈН. За жал просветните работници имаат навистина оскудни познавања за оваа состојба, причина за тоа е непостоење на предмет на педагошките факултети преку кој ќе се изучува дислексијата. Од досегашните активности на Здружението Ајнштајн навистина огромен број на наставници се обучија како да ја препознаат дислексијата, но и како да работат и да им пружат поддршка на овие ученици. Од ова може да се заклучи дека кај наставниот кадар постои желба и мотив да ги зголемат своите познавања во однос на оваа проблематика, но сето тоа бара институционална поддршка од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и локалните самоуправи.
Посебни институции кои ја третираат само дислексијата во нашата држава не постојат, иако тоа е пракса во поголем дел од државите во светот. Во развиените земји постојат посебни центри за детекција на дислексијата, центри кои се специјализирани за работа со лица кои се соочуваат со оваа состојба. За жал ние како држава сме далеку од светските примери, но се трудиме и преземаме чекори со кои би се создало општество кое ќе биде адекватно за потребите на лицата со дислексија. Дислексијата во речиси сите држави на Европската унија е правно регулирана како состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за разлика од кај нас, каде што дислексијата е состојба која “не постои” во законските регулативи. Нашите државни органи пред се би требало да започнат со усвојување на официјална дефиниција за тоа што претставува дислексијата и истата како состојба јасно да биде одделена од оние други посебни потреби како што тоа е направено во сите развиени држави каде што оваа состојба се третира и проучува речиси повеќе од еден век. Со овој чекор сите понатамошни дејствија и активности кои би се преземале во однос на дислексијата дека би биле полесни.
Иако дислексијата можеби понекогаш во животот претставува пречка или проблем, со сигурност секој дислексичар во себе носи скриена генијалност. Доказ за ваква генијалност се сите оние личности со дислексија кои направиле огромни промени во нашиот свет како што се: Алберт Ајнштајн, Стив Џобс, Винстон Черчил, Бил Гејтс,Агата Кристи, Ричард Бренсон.