Само 3% од населението гледа на дислексијата како предност
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија, Занимливости
- Posted October 7, 2022

Само 3% од населението гледа на дислексијата како предност
Зачудувачки е фактот што само 3% од луѓето ја гледаат дислексијата како предност, според истражувањето на направено од YouGov за потребите на организацијата Made By Dyslexia. Основачот на организација, Кејт Григс е решена да се бори против стигмата и погрешната перцепција за дислексија. Таа токму на оваа тема зборуваше на еден од настаните “Ted Talk”, што навистина вреди да се слушне.
Таа е фокусирана на промена на перцепцијата (или заблуда) за дислексијата и помагање на луѓето да разберат дека всушност дислексијата е само поинаков начин на размислување. Самата организација Made By Dyslexia е управувана од страна на лица со дислексија и ги собира на едно место многуте успешни дислексичари кои направиле неверојатни работи.
Таа објаснува како дислексија е предизвикана од различни синапси во мозокот и како им овозможува на луѓето да размислуваат креативно и поразлично од останатите. Учениците со дислексија честопати не се доволно добро поддржани во училиште, а со самото тоа им се наметнува да се чувствуваат мрзеливи и глупави. Made By Dyslexia сакаат на светот да му ја покажат вистинската вредноста на дислексичното размислување, но и да го променат образовниот систем за учениците со дислексија, за да можат истите да ја добијат соодветна поддршката која им е потребна и ја заслужуваат.
Кејт вели како кога децата се мали, тие имаат неверојатна желба за животот и мислат дека можат да постигнат се што ќе им падне на ум – но ние ги праќаме на училиште и целата нивна креативност и желба ја убиваме.
Јас целосно се согласувам. Дислексичните деца се способни за големи работи и не треба да ги ограничуваме со општествените норми, треба да ги негуваме нивните таленти и да ги охрабруваме да ги остваруваат своите соништа без разлика што можеби на нас ни изгледаат нереални.
Во реалниот свет дислексија може да биде огромна предност. Ова е поткрепено со голема бројка на успешни претприемачи, пронаоѓачи, писатели и лидери кои имаат дислексија и успеале за да постигнат неверојатни работи.