Потпишан меморандум за соработка со Општина Пробиштип на проектот “DysCourse”
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted October 7, 2022

Потпишан меморандум за соработка со Општина Пробиштип на проектот "DysCourse"
Здружението за дислексија Ајнштајн и Градиначалникот на општината Пробиштип Г-дин Драган Анастасов потпишаа меморандум за соработка на проектот “Dyslexia online teaching courses – DysCourse” финансиран преку Европската унија во рамки на Еразмус + програмата.
Преку оваа соработка за целиот наставен и стручен кадар од оваа општина ќе се обезбеди бесплатна онлајн обука за дислексија, состојба која предизвикува потешкотии во читањето.
Обуката ќе се реализира преку новата иновативна веб платформа и мобилната апликација за е-учење креирана во рамки на проектот „DysCourse” кој што го спроведува Здружението за дислексија Ајнштајн во соработка со партнерските организации Centro Studi Villa Montesca , Galileo Progetti Nonprofit Kft. и Latvijas Disleksijas biedrība /ICT – students with dyslexia and dysgraphia .
Со овој меморандум за соработка се овозможуваат еднакви можности и услови за образование, ќе се подигне свеста, и се дава можност за воведување на инклузивно образовни услови за учениците со специфични потешкотии во учењето, како и за доедукација наставниот кадар во областа на дислексијата.
Секој од наставниците кој ќе ја заврши обуката ќе се стекне со сертификат за успешно завршување на обуката од страна на Здружението Ајнштајн.