Обука „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted November 30, 2022

Обука „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„
Партнерската организација Logopsycom беше домаќин на обуката „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„ која се одржа во периодот од 21-ви до 25-ти ноември во градот Монс – Белгија.
Главната цел на обуката беше размена на знаења и искуства помеѓу 20-те учесници од трите партнерски држави во проектот Северна Македонија, Белгија и Италија. Фокусот на самата обука беше ставен на изучување на методи и техники за работа со учениците со дискалкулија и останатите специфични тешкотии во учењето, кои ќе придонесат во подобрување на нивните перформанси при изучување на математиката.
Обуката започна со ориентациски дел и запознавање на сите учесници, организирано од партнерската организација Logopsycom. На почетокот на обуката учесниците имаа можност да се запознаат со дискалкулијата, но и начините како да се препознае оваа тешкотија во учењето, преку интерактивната презентација на Славица Тасевска Николовска – лиценциран тренер за дискалкулија и Томи Петроски специјален едукатор рехбаилитатор. Од страна на Изабела Сафини, Паола Антонели и Сесилија Сучиони од Италија учесниците имаа можност да се запознаат со клиничкиот пристап кон дискалкулијата.
Професорката Орхидеја Шурбановска од Институтот за психологија зборуваше за влијанието на наставниците во постигањата по математика кај учениците во Северна Македонија, а Анета Соклевска наставник по математика одржа работилница за активности преку кои учениците полесно ја совладуваат математиката. Мило Мигаз од Logopsycam одржа презентација за какви акомодации и прилагодувања се потребни за учениците со дискалкулија, а Манон Де Швер креираше работилница за користењето на escape rooms и останатите методи за изучување на СТЕМ технологиите.
Обуката беше искористена за од учесниците да се добие фидбек, во однос на тоа какви курсеви за дискалкулија им се потребни како родители, наставници и професионалци, кои потоа во проектот ќе бидат имплементирани платформата за онлајн учење на курсеви за дискалкулија.
Обуката „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„ е организирана во рамки на Еразмус+ проектот „Courses for parents of children with dyscalculia„ 2021-1-MK01-KA220-ADU-000026303 финансиран од страна на Европската унија, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Обука „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„ во Монс, Белгија