Потпишан меморандум за соработка на проектот DysCourse со општина Струмица
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted December 4, 2022

Потпишан меморандум за соработка на проектот DysCourse со општина Струмица
Здружението за дислексија Ајнштајн и Општината Струмица потпишаа меморандум за соработка на Еразмус + проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse„, меморандумот го потпишаа Претседателот на Здружението Ајнштајн Г-дин Дамјан Николовски и Градоначалникот на општината Струмица Г-дин Костадин Костадинов.
Преку оваа соработка за прв пат во нашата држава на сите основни и средни училишта, како и на сите предучилишни установи од Општина Струмица ќе им се обезбеди бесплатна онлајн обука за дислексија.
Обуката ќе се реализира преку новата иновативна веб латформа и мобилната апликација за е-учење креирана во рамки на проектот „DysCourse” кој што го спроведува Здружението за дислексија Ајнштајн во соработка со партнерските организации Centro Studi Villa Montesca , Galileo Progetti Nonprofit Kft. и Latvijas Disleksijas biedrība /ICT – students with dyslexia and dysgraphia .
Интерактивната онлајн обука е достапна за сите заинтересирани граѓани преку веб платформата www.dyslexiacourses.eu или преку мобилната андроид апликација Dyslexia Courses која што можете да ја преземете преку следниот линк https://play.google.com/
Самата обука вклучува 4 интерактивни модули за учење, преку кои корисниците ќе можат да ги надградат своите знаења за дислексијата, но и да се стекнат со нови вештини и техники како да работат и како да им помогнат на сите ученици кои се соочуваат со дислексија.
Дислексијата е состојба со која се соочуваат 10 до 15% од учениците, а информираноста на наставниот и професорскиот кадар за истата за жал се уште е на многу ниско ниво, пред се поради непостоење на национална стратегија за состојбите кои предизвикуваат потешкотии во учењето и неангажираноста на надлежните институции за оваа проблематика.
Токму затоа ние како организација се стремиме кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија и специфични тешкотии во учењето. За да се оствари оваа цел од исклучителна важност е едукацијата на наставниот кадар и генерално на пошироката јавност, за тоа што претставува оваа состојба, како истата да се препознае и како да се работи и да им се помогне на овие ученици да ги откријат своите вистински потенцијали и таленти.
Од таа причина преку проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse„ ќе обидеме на што поголем број на наставници и граѓани да им обезбедиме бесплатна обука за дислексија, со што заеднички ќе придонесеме кон создавање на инклузивен образовен систем за учениците со дислексија и специфични тешкотии во учењето.

Потпишан меморандум за соработка на проектот DysCourse со општина Струмица
Здружението за дислексија Ајнштајн и Општината Струмица потпишаа меморандум за соработка на Еразмус + проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse„, меморандумот го потпишаа Претседателот на Здружението Ајнштајн Г-дин Дамјан Николовски и Градоначалникот на општината Струмица Г-дин Костадин Костадинов.
Преку оваа соработка за прв пат во нашата држава на сите основни и средни училишта, како и на сите предучилишни установи од Општина Струмица ќе им се обезбеди бесплатна онлајн обука за дислексија.
Обуката ќе се реализира преку новата иновативна веб платформа и мобилната апликација за е-учење креирана во рамки на проектот „DysCourse” кој што го спроведува Здружението за дислексија Ајнштајн во соработка со партнерските организации Centro Studi Villa Montesca , Galileo Progetti Nonprofit Kft. и Latvijas Disleksijas biedrība /ICT – students with dyslexia and dysgraphia .