Обука „Влијанието на специфичните тешкотии во учењето врз целокупниот развој на учениците„
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted February 15, 2023

Обука „Влијанието на специфичните тешкотии во учењето врз целокупниот развој на учениците„
Здружението Ајнштајн со особено задоволство ве поканува на практичната обуката насловена „ Влијанието на специфичните тешкотии во учењето врз целокупниот развој на учениците„
📅11-ти Март
🕙 10 часот
📌Филозофски факултет Скопје
👨🏫Обучувач на обуката ќе биде М-р Катерина Николовска магистер по специфични тешкотии во учењето и координатор на центарот за специфично учење во QSI, International School of Skopje.
⚠ Доколку сакате да учествувате на обуката потребно е да се регистрирате на следниов линк https://forms.gle/PA2GHeb8Kagxhk9dA
👪Целна група на обуката се: наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, родители, логопеди, психолози, педагози и сите оние кои учествуваат во образовниот процес на учениците со специфични тешкотии во учењето.
✳Обуката ќе биде во времетраење од 4 часа и ќе биде поделена во 4 сесии:
Сесија 1
Во оваа сесија учесниците ќе се запознаат со најчестите и најприсутните специфични тешкотии кај учениците. Учесниците ќе имаат можност да погледнат подлабоко во овие тешкотии, нивното значење и нивната манифестација во училницата.
– Колку сличност има во различноста?
– Интерактивна вежба за откривање на сличностите кои не поврзуваат и покрај нашите разлики?
– Кратка дискусија после вежбата
– Најприсутни специфични тешкотии во учењето
– Дислексија
– Дисграфија
– АДХД
– Тешкотии со краткотрајна меморија
Сесија 2
Во втората сесија учесниците ќе имаат можност преку симулативни активности да ги искусат тешкотиите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат учениците со специфични тешкотии во учењето. По секоја активност ќе следува кратка дискусија и споделување на стратегии и практични алатки за работа.
– Симулација за дислексија
– Кратка дискусија
– Стратегии и практични алатки за во училница
– Симулација за дисграфија

– Симулација за АДХД

– Симулација за тешкотии со краткотрајна меморија

Сесија 3
Во третата сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за важноста на секундарните послеици од специфичните тешкотии кои неминовна влијаат не само на академскиот туку и на социоо-емоционалниот развој на децата.
– „Скриен“ курикулум: подучување на непишаните правила во секое училиште
– Секундарни последици од специфичните тешкотии во учењето
– Социјални вештини
– Тешкотии со однесувањето во училиште
Сесија 4
Последната сесија е заокружување на работилницата како и време за дискусија и прашања.
🎇Секој учесник на обуката по завршување на истата ќе се стекне со сертификат за успешно завршување на обуката .
👉Котизацијата за учество на обука изнесува 1.400 денари вклучувајќи ги работните материјали и паузите за ручек, a последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 10-ти март.
Доколку се пријавите група од над 4 учесници следува 20% попуст на секоја котизација.
🔶Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/obuka-specifichni-teshkotii/
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Уплата на фактура.
🔶 За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое време на 078296885.
Со почит
Тимот на Здружение Ајнштајн
Биографија на обучувачот м-р Катерина Николовска
Катерина Николовска е академски терапевт за јазик и едукативен терапевт (во обука) во интернационалното училиште QSI во Скопје. Таа раководи Центарот за специфично учење и работи со деца со специфични тешкотии, односно со деца со дислексија и тешкотии во читање и/или пишување. Катерина е магистер по специфични тешкотии во учењето при Институтот за специјална едукација и рехабилитација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Катерина е дипломиран филолог на катедрата за Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Иако дипломира на преведувачка насока, Катерина од своето дипломирање се насочува во образование и настава. По дипломирањето ги завршува педагошко-психолошките доквалификации на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
После 7 години пракса како одделенски наставник и наставник по Англиски јазик се насочува на специјална едукација и рехабилитација поточно на работа со деца со дислексија.
Во 2018-та година ја завршува обуката за академска терапија за јазик односно терапија за деца со дислексија по пристапот на Ортон Гилинхам во Fundamental Learning Center во Канзас, САД. Со оваа обука Катерина се стекнува со сертификат за ALT, Academic Language Therapist и продолжува со работа со оваа категорија на ученици во QSI, International School of Skopje.
Покрај оваа обука, Катерина се здобива со сертификат за едукативна терапија односно NILD Educational Therapy на Институтот за развој на учењето во Будимпешта, Унгарија.
Својата кариера ја насочува во областа на едукативна и јазична терапија и преку својата пракса во интернационално училиште ги истражува елементите и индикациите за специфични тешкотии кај ученици од различно културолошко и јазично потекло.