Како неписменото дете со дислексија стана познат поет?
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted February 21, 2023
- дислексија, читање

Како неписменото дете со дислексија стана познат поет?
Кога бев ученик, наставниците не знаеја што е дислексија. Во мое време во училиштата воопшто немаше многу место за сочувство, разбирање и човечност. Но не се лутам на своите наставници. Некои од нив сакаа да помогнат на учениците, но тоа не им беше дозволено. Да се посвети внимание на децата, да се покаже разбирање, да се сослушаат нивните проблеми, тоа тогаш едноставно не се правеше.
Моите идеи на часовите секогаш беа во судир со тоа што го зборуваа наставниците. Се сеќавам учителката еднаш рече дека човекот една третина од животот го поминува спиејќи. Кренав рака и прашав: „Ако постои Господ, зарем тоа не е грешка во неговиот план? Кога правиме некоја работа, сакаме да биде ефикасна. Да бев јас Господ, луѓето не би морале да спијат. Така би можеле да направат за една третина повеќе добри дела‟.
„Молчи будало‟, рече таа, „тогаш лошите луѓе би правеле лоши дела‟. Мислев дека мојата идеја е интересна. Бев креативен. И нејзиниот одговор беше добар. Но ете, ме нарече будала само затоа што го помислив тоа.
Еднаш зборуваше за Африка и „локалните дивјаци‟, а јас ја прашав: „Кој ви дава право да одредувате кои се дивјаци?‟ Таа одговори: „Кој ти даде тебе право да ми се спротивставуваш?‟ – И така си направив проблем.
Кога сфатив дека пишувањето не ми оди, побарав помош од наставничката. Таа ми рече: „Тоа не е ништо страшно. Не можат сите да бидат паметни. Но, сигурно си добар во спортот. Оди надвор, играј фудбал‟. „Одлична идеја‟, помислив тогаш, но денес знам дека бев жртва на стереотипи.
Веќе во училиште имав песни во главата. Кога имав 10, 11 години, мојата сестра ги запиша. Кога имав 13 можев помалку да читам, но читањето ми беше напорно и брзо се откажував. Мислев, ако можам да прочитам која монета колку вреди, тоа е доволно. За другото ќе ги прашам другите.
Бев исфрлен од неколку училишта, последниот пат кога имав 13 години. Ме исфрлија затоа што се однесував како уличар, се тепав, се расрпавав со наставниците. Никогаш никого не сум го нападнал со нож; но се одмаздив на еден наставник. Му го украдов автомобилот и се повозив по градината пред неговата куќа. Ми рече дека нацистите не се толку лоши колку што се зборува. Во тоа време тоа можеше да се каже во училница.
Во поправен дом долго време поминав гледајќи ги луѓето на кои не сакав да личам. Забележав едно момче кое седи подгрбавено и помислив: „Не сакам да бидам таков‟. Научив да седам со исправен грб. Внимателно гледање ми помогна да донесам исправни одлуки.
Во затворите има многу дислексични луѓе. Има многу и меѓу архитектите. Статистиката вели дека денес јас би морал да бидам во затвор: црн, возрасен во погрешен дел од градот, во растурено семејство, во судир со законот од мали нозе, практично не знае да чита и пишува, нема никакви квалификации и над се е дислексичен. Верувам дека ниту еден човек не мора да заврши во затвор, ако успее да ги победи стравовите и да го најде својот пат.
Во затворите сретнував мажи и жени чија интелигенција и другите способности не се разликуваа од моите. Ги икористив приликите кои ги имав, а тие своите веројатно ги пропуштиле или не ги ни забележале.
Никогаш не мислев дека сум глупав. Со тоа не морав да се носам. Ако човек кој одлично чита и пишува вели дека црните луѓе се дивјаци, знам дека тој е глупавиот, а не јас. Верував во себе.
Песните од првата книга ги раскажував на девојката, а таа ги запишуваше. Книгата добро помина, посебно во црната заедница. Пишував „wid luv‟ наместо „with love‟. Никој не рече дека песните се дислексични, сите мислеа дека пишувам фонетски.
Кога наполнив 21 година се запишав на курс за пишување и читање во Лондон. Наставничката ми рече дека сум дислексичен. Ја прашав: „Дали ќе морам да се оперирам‟? Таа ми објасни што значи тоа и ми текна: „Да, тоа е тоа. А веќе мислев дека полудувам‟. Продолжив да пишувам песни, романи за тинејџери и разни други книги и да правам музика. И денес кога треба да напишам „јазол‟, морам да застанам и да размислам како се пишува. Понекогаш цртам нешто што ќе ме потсети на тој збор кој ми е потребен. Ако не можам да се сетам како се пишува „прашање‟ ставам знак прашалник и подоцна се враќам на тоа место.
Прво што забележувам кај книгите е нивната дебелина. Знам дека тоа исто го прават младите луѓе на кои читањето тешко им оди. Кога Универзитетот Брунел ми понуди да предавам поезија и креативно пишување, знаев дека моите студенти ќе бидат формално по образовани од мене. Секогаш им зборувам: „За добра оценка на овој курс доволна е добра меморија, но без страст, креативност и индивидуалност оценката не вреди многу‟.
Денес луѓето се подготвени да ја прифатат мојата дислексија. Поезија можам да зборувам пред публика и не морам да ја повторувам секогаш на ист начин, збор по збор, но никогаш јавно не читам, не би ми останало енергија за ништо друго.
Ако луѓето околу вас не можат да сфатат што е дислексија, тоа е нивен проблем. Ако луѓето околу мене имаат проблем со бојата на мојата кожа, нема поради тоа да почнам да размислувам како да станам бел. Тоа е нивен проблем, а не мој и тие треба да го решаваат.
Ако сте дислексични и ви се чини дека нешто ве спречува, не заборавајте: тоа не сте вие. Дислексијата на многу начини е човекова природна состојба.
Читањето и пишувањето се неприродни. Кога ќе погледнете сликовно писмо како што е кинеското, ќе го препознаете знакот бидејќи за жена личи на жена. Знакот за софа личи на софа. Како од слики сме стигнале до овие знаци кои претставуваат гласови?
Затоа не си замерувајте на себе.
Ако сте родител на дислексично дете, не мислете дека тоа е недостаток. Дислексијата не е мерка за интелигенција: можеби вашето дете е гение. Дислексијата луѓето ги прави креативни. Кога составувате реченица и не можете да го најдете вистинскиот збор, мора да смислите друг начин да се изразите. Тоа бара креативносто и го јакне „креативниот мускул‟.
Децата понекогаш ми приоѓаат и ми велат: „И јас имам дислексија‟. Јас им одговарам: „Тоа значи дека светот го гледаш поинаку; искористи го тоа како предност. Ние дислексичните луѓе го можеме тоа, ние сме архитекти, дизајнери‟.
Некогаш ми се чини дека се горди поради тоа што сме слични. Ако тоа им помага, одлично. Јас немав поддршка како дете. Затоа велам: „Проклети недислексичари, што се замислувате, кои сте вие‟?