Вебинар “Нарушување на комуникацијата кај деца со аутистичен спектар”
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted March 12, 2023

Вебинар “Нарушување на комуникацијата кај деца со аутистичен спектар”
Почитувани на наше огромно задоволство третиот вебинар од 5-тата сезона на едукативни вебинари насловен “Нарушување на комуникацијата кај деца со аутистичен спектар”
Обучувач на вебинарот ќе биде една од најистакнатите практирачи во областа на логопедијата Доц. д-р Силвана Филиова , логопед и директор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас
Овој вебинар има за цел да ги запознае, подобри и потврди практичните знаења и вештините за процена на комуникациските способности кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Со посетување на овој вебинар, учесниците ќе бидат упатени за примена на процедурите за утврдување на нивото на говорно јазичен развој, како и потенцијалната веројатност за доцнење или присуство на нарушување. Со моделот, учење преку пракса, на присутните учесници на вебинарот освен информации за начините како да набљудуваат, ќе им бидат понудени алатки со детални упатства за правилен избор на најсоодветниот инструмент. Реализацијата на вебинарот ќе биде низ примери од праксата .Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа и ќе ги опфати следните теми:
👉 Дијагностички критериум
👉 Теорија на умот и извршни функции
👉 Нарушување во комуникацијата
👉 Ехолалија и видови на ехолалија
👉 Хиперлексија и аутистичен спектар на нарушување
👉 Методи за интервенција
👉 Приказ на случај.
Вебинарот е наменет за логопеди, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози и сите други сродни профили кои во својата работа се сретнуваат со деца со аутистичен спектар на нарушувања и потешкотии во говорно јазичниот развој.
- Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
- Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 850 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 680 денари. Доколку се пријавите во група од 4 или над 4 учесници добивате попуст од 20% на секоја котизација. Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
- Со патежна картичка преку нашата веб продавница https://edukacija.com.mk/
- Со уплата преку уплатница во банка или електронски
- Уплата преку фактура
Последен предвиден рок за уплата е 06-ти април.