Вебинар Од „учиме да читаме“ до „читаме за да учиме“
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted April 19, 2023

Од „учиме да читаме“ до „читаме за да учиме“
20-ти Мај (сабота) 10 часот ZOOM
Целта на овој вебинар е да се запознаеме со потребните елементи, алатки и методи кои ја сочинуваат науката за читање. Преку овој вебинар учесниците ќе увидат како може да им помогнат на учениците да читаат за да учат, вештина кој им е потребна од основно па се до средно и високо образование
Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
- Сесија 1 – Наука за читањето и зошто е важно да знаеме за неа
👉 Како учиме да читаме? Читањето како повеќеслоен и комплексен процес
👉 Што е наука за читањето и зошто треба да знаеме за неа?
👉 Науката за читањето и развојот на детето. Мултидсциплинарноста на писменоста.
- Сесија 2 – Од „учиме да читаме“ до „читаме за да учиме“
👉 Потребните елементи за подучување читање кај деца со специфични тешкотии во учењето.
👉 Како до читање со разбирање? Флуентноста во читањето е мостот помеѓу декодирање и разбирање текст
👉 Критериуми за точно и течно читање
- Сесија 3 – Науката за читањето во пракса
👉 Улогата на наставникот. Наставникот како клучна алка во синџирот на описменување
👉 Практични алатки во училницата
- Дискусија
- Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
- Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
- Со патежна картичка преку нашата веб продавница https://edukacija.com.mk
- Со уплата преку уплатница во банка или електронски
- Уплата преку фактура

- Со патежна картичка преку нашата веб продавница https://edukacija.com.mk/
- Со уплата преку уплатница во банка или електронски
- Уплата преку фактура
Биографија на обучувачот Славица Тасевска Николовска
Славица Тасевска Николовска е основач и претседател на Здружението за дислексија АНШТАЈН во периодот од 2013 до 2015 година. Таа е еден од најистакнатите практичари за корекција на состојбите кои предизвикуваат специфични потешкотии во учењето во нашата држава. Зошто и како се одлучува да ја започне кариерата во оваа област можете да дознаете од нејзината лична приказна.
Мојата приказна – и книгата што ми го промени животот
Јас сум Славица Тасевска Николовска , дипломиран градежен инженер со богата кариера зад себе во областа на инвестициите во градежништвото.
Можеби ви звучи чудно, но јас ја сменив мојата професија во една сосема спротивна насока која го измени мојот живот во позитивна смисла. Ваквите промени не беа случајни. Проблемот со кој се соочивме во семејството го диктираше мојот поинаков професионален развој.
Имено, кога моето трето дете појде на училиште , забележавме дека тој има тешкотии во совладување на основните вештини за читање и пишување и покрај тоа што тој е бистро, досетливо и интелигентно дете.
И покрај напорите што ги вложувавме во семејството и напорите што ги вложуваа стручните лица од областа на педагогијата и логопедијата, тешкотиите останаа и во третото одделение. Институциите не ми дадоа одговори зошто моето дете не може да чита.
Почнав да истражувам и ги открив симптомите на дислексија кај моето дете. Кога проблемот беше лоциран требаше да се најде решение и пристап за корегирање на ваквата состојба.
На интернет пронајдов многу информации за различни методи за корекција на дислексијата.
Посетив и завршив неколку on-line курсеви за дислексија. Сите имаа фонетски пристап и беа прилагодени за англискиот јазик. Се обидов да ги применам знаењата, но не дадоа видлив резултат од работата со детето.
Додека истражував и ја проучував дислексијата наидов на книгата “Gift of Dyslexiа” од Роналд Дејвис на која на насловната страна е наведено : “ Зошто некои од најпаметните луѓе не можат да читаат …. и како може да научат“ .
Книгата веднаш го привлече моето внимание. Ја порачав и не можев да престанам да ја читам. Не само што ги пронајдов сите симптоми и карактеристиките на дислексијата туку добив и јасна претстава за тоа што претставува оваа специфична тешкотија.
Во книгата Рон Дејвис ја разоткрива клучната причина за повеќето тешкотии во процесот на учење и дава прецизни инструкции за корегирање на овој проблем, користејќи ги талентите што ги поседуваат лицата со дислексија
Сепак книгата не беше доволна за да се стекнам со вештините за работа со овој метод.
Иако не беше лесно, донесов одлука да ја посетам првата работилница од тренингот што го организира “Davis Dyslexia Association International” која се одржа во Болоња Италија 2013.
Потоа следеа многубројните тематските обуки во Болоња, Венеција и Париз, и по нивното завршување го добив звањето “ Лиценциран Дејвисов Фацилитатор“ во февруари 2016 година. http://www.davismethod.org/item/slavica-nikolovska/
Со оваа лиценца овластена сум да работам со деца и возрасни на разрешување на проблемите со дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДД/АДХД по методот на Рон Дејвис
Позитивните искуства од досегашната работа со клиентите ми дава уште повеќе верба дека решение за дислексијата и сличните состојби постои и дека овој метод навистина го менува животот на многу луѓе кои се соочуваат со тешкотии со учењето.