За Нас

За Нас

Einstein Open Academy EOA е првата онлајн академија во нашата земја која на своите клиенти ќе им понуди разновидни курсеви од областа на образованието.

Ние се стремиме да го олесниме вашиот личен и професионален развој, како и да ви овозможиме стекнување на нови вештини преку лесен и иновативен начин.

ЕДУКАЦИЈАТА Е НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ КОЕ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ЗА ДА ГО ПРОМЕНИТЕ
СВЕТОТ!

-Нелсон Мандела

Дислексија: Идентификација, стратегии и поддршка

Првиот онлајн курс насловен “Дислексија: Идентификација, стратегии и поддршка” е креиран од страна на тим од експерти со повеќегодишно практично искуство во работа со лица кои се соочуваат со дислексија.

Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење во оваа област и да им помогнат на илјадниците деца кои се соочуваат со потешкотии во учењето.

Види Курс

Приказната зад Einstein Open Academy

Здружението АЈНШТАЈН во последните пет години спроведе голем број на едукативни семинари и обуки на кои што свое учество земаа над 2.000 наставници, родители, педагози, психолози, логопеди, специјални едукатори и многу заинтересирани граѓани. Нашата визија се стреми кон создавање на инклузивно општество за лицата со потешкотии во учењето.

За креирање на инклузивно општество најважна е едукација на наставниот кадар, педагошко психолошките служби во училиштата, стручните соработници и родителите. За таа цел тимот на АЈНШТАЈН за вас ја карираше и првата онлајн академија Einstein Open Academy EOA која ќе нуди широк спектар на онлајн курсеви за надградба на вашите знаења и вештини.

icon2

Експерти

Курсевите се креирани од експерти со долгогодишно искуство во соодветната област
icon3

Заштедете

Следете ги нашите курсеви од било каде и заштедете во споредба со алтернативите
icon4

Дигитални

Курсевите се дигитални и овозможуваат да се стекнете со ново знаење од било кој уред со интернет конекција
icon1

Пионери

Einstein Open Academy е првата онлајн академија во нашата земја