Политика на приватност 26.09.2019

Оваа изјава на приватност се однесува на приватноста на податоците кои што се наоѓаат на веб
платформата www.disleksija.org.mk “Einstein Open Academy (EOA)” и кои што се собрани при
користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Здружение за дислексија
АЈНШТАЈН Скопје.
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје како давател на услугите на веб платформата
Einstein Open Academy се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста
на корисниците.
Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа веб платформа за
полесно да разберат кои информации ги собира Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје и
како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на
податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: info@disleksija.org.mk или да се
обратат на +38970688885.
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со
пристапување и користење на нашата веб платформа, крајниот корисник потврдува дека ги
прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на
примена од страна на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје.
Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа изјава на приватност, го упатуваме крајниот
корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи веб платформата на
Einstein Open Academy.
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје може да ја промени оваа изјава на приватност во
било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во
делот “Изјава на приватност„ на веб платформата Einstein Open Academy. Измената на изјавата
на приватност стапува на сила веднаш по објавата на платформата www.disleksija.org.mk.
Секој краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница
и да ги согледа промените во изјавата на приватност. Секоја измена на промените во изјавата
за приватност е објавена според датумот на промена и објавена на самиот почеток на изјавата.
Продолжување на користењето на оваа веб платформа од страна на крајниот корисник по
стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа
сите услови на изменетата изјава на приватност
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје собира информации кои што го идентификуваат
специфичниот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности
на веб платформата Einstein Open Academy, како што се создавање на корисничко име,
правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на
коментари, испраќање на повратни информации, Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и
презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на
раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за
авторизација и други поврзани информации.

Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот
корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената
активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
1.1 За што ќе ги користиме вашите податоци:
1. Име и презиме
Вашето име и презиме ќе биде користено пред се за ваша регистрација на платформата
Einstein Open Academy и за да можат нашите администратори да го креираат вашиот
сертификат по завршување на курсот.
2. Датум на раѓање
Овие податоци ќе бидат користени за да бидеме сигурни дека вие ги исполнувате условите за
користење односно дека имате над 14 години.
3. Адреса на живеење
Адресата на живеење ќе биде користена за испраќање на вашиот сертификат за успешно
завршен курс.
4. Телефонски број
Вашиот мобилен телефон ќе биде користен исклучиво во ситуации доколку настане некаков
несакан дефект на нашата платформа или се соочиме со проблем при процесирање на вашата
уплата.
5. e-mail адреса
Вашата електронска пошта ќе биде користена пред се за регистрација на вашиот кориснички
профил, добивање на сертификат во електронска верзија, испраќање на промотивни понуди
од страна на Einstein Open Academy
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје нема да ги споделува личните податоци на
крајниот корисник со надворешни страни освен во случаи наведени во следната точка и во
ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје ќе ги користи личните податоци за испраќање и
дистрибуција на административни и промотивни e-mail пораки, испраќање на сертификат за
завршен курс, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички.
Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги
нуди Einstein Open Academy. Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични
податоци со испраќање на e-mail порака на info@disleksija.org.mk . Во таа e-mail порака
крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и e-mail адреса т.е
информациите кои што сака да ги надополни.
Како услов за купување на услугите од Einstein Open Academy, Здружение за дислексија
АЈНШТАЈН Скопје бара дозвола од крајниот корисник за испраќање на административни и
промотивни e-mail пораки. Доколку крајниот корисник не сака да добива e-mail пораки во
било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на
e-mail пораки со испраќање на e-mail порака на или со одбирање на опцијата откажување од
newsletter која што се наоѓа на секоја newsletter порака.

Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје сериозно ги зима во предвид заштитата на
податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните
податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која безжична
мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако Здружение за дислексија
АЈНШТАЈН Скопје спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може
да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од веб платформата на
Einstein Open Academy т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги
прими тие информации
Малолетните помлади од 14 години не смеат да ја користат веб платформата
www.disleksija.org.mk без надзор од родител или старател. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Скопје не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 14 години
затоа ниту еден дел од оваа веб платформа не е дизајнирана на начин да привлече било кого
кој што е помлад од 14 години.