Практичен вебинар “Интерактивни пристапи во наставата”
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted April 20, 2021

“Интерактивни пристапи во наставата”
👩🏫 Како дел од низата вебинари кои ги организираме се со цел подобрување и зголемување на квалитетот на образованието во нашата држава го најавуваме практичниот вебинар “Интерактивни пристапи во наставата”.
Датум на реализација: 5-ти мај (среда)
Почеток: 17 часот
Платформа: Microsoft teams
Обучувач на вебинарот ќе биде Проф. д-р Елизабета Томевска – Илиевска, доктор по педагошки науки Филозофскиот факултет – Институт за педагогија
Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
- Претставување на програмата и запознавање со учесниците.
- Создавање на правила за работа.
- Воведна активност: Техника „Акростих“.
- Зошто, како и со што до поефикасна интерактивна настава?
- Карактеристики на интерактивна настава?
Сесија 2
- Интерактивни вештини на наставникот во воспитно-образовниот процес.
- Партнерски односи во наставата.
- Процес на учење на возрасните.
- Начини на поттикнување на дискусија
- Методи и техники за успешна интерактивна настава.
- Вежба: Јас како наставник……
Сесија 3
Што е интерактивен модел?
- Интрерактивните модели во улога на поддршка на наставата.
- Интеракцијата како основа на интерактивниот модел.
- Наставни активности-видови.
- Наставни материјали.
- Насатвни ситуации.
- Поставуавње прашања/дискусија.
Цели на вебинарот
- Стекнување знаења и развивање вештини и способности за примена на современи и иновациски пристапи во наставата и учењето со различни возрасни групи.
- Оспособување за креирање наставни ситуации со проактивна позиција и улога на ученици.
- Согледување на значењето од наставната интеракција.
- Развивање вештини за идентификување на различни видови учење кај возрасните.
- Оспособување за развивање на вештини за самоорганизација во работата со учениците
Целна група:
Наставници од основни училишта, професори од средни училишта, педагози, постдипломци и студенти од наставничките факултети, кандидати запишани на Педагошко-психолошка и методичка доквалификација, како и сите заинтересирани граѓани.
📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
⚠️Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/m5z4RJc9A2fNokuh6 , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
👉 Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
За студентите од Филозофскиот факултет од Скопје котизацијата е со 20% попуст, односно 479 денари.
Последен предвиден рок за уплата е 04-ти мај
Биографија на обучувачот Проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска
Елизабета Томевска-Илиевска е доктор по педагошки науки, вонреден професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофски факултет – Институтот за педагогија. Бирана е за научните области: Педагогија, Методика, Методологија и Статистика.
Предава на Институтот за педагогија и на Институтите за филозофија, психологија, историја, социологија и семејни студии на Филозофскиот факултет во Скопје.
Томевска-Илиевска 20 години активно учествува како експерт и тренер во многубројни меѓународни и национални образовни програми. Покрај тоа, д-р Елизбета Томевска-Илиевска, како образовен експерт, евалуатор и истражувач била вклучена во национални и меѓународни проекти и во бројни научни истражувања. Таа учествува во многу активности поврзани со образовната политика во областа на основното и средното стручно образование и обука, и во подобрување на јазичната писменост во раната училишна возраст во Р. Македонија. Таа учествува на бројни конференции во земјата и странство.
Томевска-Илиевска партиципира во уредувачки одбори на зборници, програмски и организациски одбори на домашни и меѓународни конференции, работата на факултетски комисии. Член е на Научното друштво за образование и педагогија на Република Македонија. Таа е уредник на Меѓународното списание за образование, истражување и обука во издание на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје (International Journal for Education, Research and Training – IJERT) www.ijert.fzf.ukim.edu.mk и рецензент на International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE) ISSN 2334-847X (Printed). ISSN 2334-8496 (Online). www.ijcrsee.com.
Таа од 2018 година e претседател е на Здружението Институт за образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.
Автор и коавтор e на повеќе учебници (универзитетски и за основно образование), прирачници, научно–истражувачки публикации, статии и прирачна детска литература.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

“Интерактивни пристапи во наставата”
05-ти Мај (среда) 17 часот Microsoft Teams
Обучувач на вебинарот ќе биде Проф. д-р Елизабета Томевска – Илиевска, доктор по педагошки науки Филозофскиот факултет – Институт за педагогија
Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
- Претставување на програмата и запознавање со учесниците.
- Создавање на правила за работа.
- Воведна активност: Техника „Акростих“.
- Зошто, како и со што до поефикасна интерактивна настава?
- Карактеристики на интерактивна настава?
Сесија 2
- Интерактивни вештини на наставникот во воспитно-образовниот процес.
- Партнерски односи во наставата.
- Процес на учење на возрасните.
- Начини на поттикнување на дискусија
- Методи и техники за успешна интерактивна настава.
- Вежба: Јас како наставник……
Сесија 3
Што е интерактивен модел?
- Интрерактивните модели во улога на поддршка на наставата.
- Интеракцијата како основа на интерактивниот модел.
- Наставни активности-видови.
- Наставни материјали.
- Насатвни ситуации.
- Поставуавње прашања/дискусија.
Цели на вебинарот
- Стекнување знаења и развивање вештини и способности за примена на современи и иновациски пристапи во наставата и учењето со различни возрасни групи.
- Оспособување за креирање наставни ситуации со проактивна позиција и улога на ученици.
- Согледување на значењето од наставната интеракција.
- Развивање вештини за идентификување на различни видови учење кај возрасните.
- Оспособување за развивање на вештини за самоорганизација во работата со учениците
Целна група:
Наставници од основни училишта, професори од средни училишта, педагози, постдипломци и студенти од наставничките факултети, кандидати запишани на Педагошко-психолошка и методичка доквалификација, како и сите заинтересирани граѓани.
📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
⚠️Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/m5z4RJc9A2fNokuh6 , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
👉 Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
За студентите од Филозофскиот факултет од Скопје котизацијата е со 20% попуст, односно 479 денари.
Последен предвиден рок за уплата е 04-ти мај
Биографија на обучувачката Проф. д-р Елизабета Томеска Илиевска