Во Њујорк се отвори посебно училиште за ученици со дислексија
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted June 16, 2021

Во Њујорк се отвори посебно училиште за ученици со дислексија
Учениците со дислексија заслужуваат посебни образовни програми и начини на образование кои ќе бидат прилагодени според нивните потреби, но дали тоа е возможно да се оствари во редовните училишта?
Ова е прашање кои ги мачи многумина, кога зборуваме за дислексија воопшто не е потребно да се споменува инклузијата затоа што учениците со дислексија по секако се дел од редовните училишта. Дел од експертите се на ставот дека местото на учениците со дислексија е дефинитивно во редовните училишта, додека другиот дел од стручните лица се залагаат за воведување на училишта специјално наменети за овие ученици каде што истите ќе бидат целосно прифатени од околината и ќе можат вистински да ги откријат талентите и дарбите кои произлегуваат од дислексијата.
Во Њујорк се отвори првото државно училиште за ученици со дислексија и потешкотии во учењето. Така училиштето https://bridgeprepcharter.org/ стана првото државно училиште во државата Њујорк кое ќе понуди посебни улови за образование прилагодени според потребите на учениците со дислексија.
„Со години, семејствата кои живеат на островот Статен Ајланд, испраќаат претставки до народните избраници, до Министерството за образование, конкретно барајќи програми и училишта специјално дизајнирани за да ги задоволат потребите на нивните деца кои се соочуваат со дислексија“, посочи Тимоти Кастанза генерален директор на училиштето.
Отприлика 70% од учениците во нашето училиште се дислексичари или се соочуваат со некоја од состојбите кои предизвикуваат потешкотии во учењето и добиваат посебен третман и образовни услови прилагодени според нивните потреби.
Во училиштето работат окупациони терапевти, специјални едукатори и лиценцирани тренери за дислексија кои на учениците им нудат максимална поддршка во текот на образовниот процес.
При спроведување на наставата во која се изучуваат сите регуларни предмети со применува мулти-сензорниот метод за дислексија Ортон Гилингам.
Дали ваквата пракса ќе се покаже како ефективна и ќе преставува бенефит за учениците со дислексија останува да видиме.