GIVEAWAY ВЕБИНАР „РАБОТА СО РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ„
- By damjanfinal21
- In Uncategorized
- Posted October 1, 2021

в

“Работа со родители на деца со посебни потреби”
Здружението за дислексија Ајнштајн со особено задоволство ви го најавува вебинарот насловен “Работа со родители на деца со посебни потреби”
09-ти Октомври (Сабота) 10 часот на платформата ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде специјалниот едукатор и рехабилитатор доц. д-р Ангелка Кескинова од институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет Скопје.
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да дознаат повеќе во специфичностите и предизвиците на семејствата кои имаат дете со посебни потреби. Ваквите знаења ќе им бидат особено значајни во зацврстување на тријадата наставник – дете – родител, а со тоа и подобрување на квалитетот на работа. Вебинарот ќе содржи и работилници во кои ќе се разработуваат проблеми од пракса.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа и поделен на три сесии и тоа:
Сесија 1
Воведниот дел од вебинарот ќе биде посветен на специфичностите на семејствата со дете со посебни потреби: раѓање на детето и негово прифаќање во семејниот систем, како и ефектот на потребите на детето врз членовите на семејството.
Сесија 2
Во вториот дел од вебинарот ќе се зборува за стресот и семејното функционирање, резилиентноста и согорувањето на семејните членови, како и системите на поддршка (формална и неформална) на овие семејства.
Сесија 3
Во текот на третата сесија ќе се разработат алатки за ефективна комуникација и методи за работа со родители на дете со посебни потреби. Практични совети за работа со семејства со деца со посебни потреби во училиштата и градинките.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате на следниов линк https://forms.gle/xC5urLheinZdxfQaA , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса и преку СМС порака ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Попусти за котизација:
Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попусти
Доколку се пријавите на 4 вебинари во октомври добивате 30% попуст на секој од вебинарите
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 07-ми октомври.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Биографија на обучувачот доц. д-р Ангелка Кескинова
Доц. д-р Кескинова Ангелка родена е на 06.08.1984 год. во Прилеп.
Дипломирала(2008), магистрирала (2012) и докторирала (2014) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. По одбраната на докторската дисертација на тема: „Специфични проблеми во учењето кај лицата со пречки во развојот“ се стекнала со звање доктор по дефектолошки науки.
Од 2007г. до 2010г. била ангажирана како демонстратор на Институтот за дефектологија. Во период од 7 години, од 2010 до 2017г, работела како дефектолог и координатор на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост, кој функционира под раководство на Министерството за труд и социјална политика.
Од 2015 до 2018 работела како предавач по разни предмети на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово.
Во декември 2018 година била избрана во доцент од областите: Образование, Дефектологија (семејство и инвалидноста, специјална едукација и семејства, семејство и пречки во развојот).
Во текот на својот професионален ангажман зела учество во следните проекти:
– Црвен крст на Република Македонија, Програма за личен асистент за лица со попреченост (2018)
– Фондација за едукативни и културни иницијативи – Чекор по чекот Македонија, Проект на инклузивни партнерства во заедиците (2018)
– УСАИД, ЛЦИФ и Универзитет на Југоисточна Европа, Проект за лица со пречки во видот (2017-2018)
– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Напуштени деца од ромска национална припадност (2014-2015)
– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Подобрување на вработеноста на жените Роми на пазарот на трудот во Македонија (2012-2014)
– Сојуз на дефектолози на Р.Македонија, Општински координатор во рамките на проектот „Унапредување на воспитно образовниот процес на децата со посебни образовни потреби на локално ниво“ (2010-2012)
– Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во соработка со Министерство за образование и наука „Работа со ученици со посебни образовни потреби“, (2010)
Зборува англиски јазик.
Истражувачки интереси: лица со пречки во развојот, семејствата и инвалидноста, родителство на дете со пречки во развој, интегрална рехабилитација на лицата со пречки во развојот, семејството и менталното здравје

“Работа со родители на деца со посебни потреби”
Здружението за дислексија Ајнштајн со особено задоволство ви го најавува вебинарот насловен “Работа со родители на деца со посебни потреби”
09-ти Октомври (Сабота) 10 часот на платформата ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде специјалниот едукатор и рехабилитатор доц. д-р Ангелка Кескинова од институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет Скопје.
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да дознаат повеќе во специфичностите и предизвиците на семејствата кои имаат дете со посебни потреби. Ваквите знаења ќе им бидат особено значајни во зацврстување на тријадата наставник – дете – родител, а со тоа и подобрување на квалитетот на работа. Вебинарот ќе содржи и работилници во кои ќе се разработуваат проблеми од пракса.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа и поделен на три сесии и тоа:
Сесија 1
Воведниот дел од вебинарот ќе биде посветен на специфичностите на семејствата со дете со посебни потреби: раѓање на детето и негово прифаќање во семејниот систем, како и ефектот на потребите на детето врз членовите на семејството.
Сесија 2
Во вториот дел од вебинарот ќе се зборува за стресот и семејното функционирање, резилиентноста и согорувањето на семејните членови, како и системите на поддршка (формална и неформална) на овие семејства.
Сесија 3
Во текот на третата сесија ќе се разработат алатки за ефективна комуникација и методи за работа со родители на дете со посебни потреби. Практични совети за работа со семејства со деца со посебни потреби во училиштата и градинките.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате на следниов линк https://forms.gle/xC5urLheinZdxfQaA , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса и преку СМС порака ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Попусти за котизација:
Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попусти
Доколку се пријавите на 4 вебинари во октомври добивате 30% попуст на секој од вебинарите
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 07-ми октомври.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање
во секое кое време на 078 296 885
Биографија на обучувачот - Ангелка Кескинова
Доц. д-р Кескинова Ангелка родена е на 06.08.1984 год. во Прилеп.
Дипломирала(2008), магистрирала (2012) и докторирала (2014) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. По одбраната на докторската дисертација на тема: „Специфични проблеми во учењето кај лицата со пречки во развојот“ се стекнала со звање доктор по дефектолошки науки.
Од 2007г. до 2010г. била ангажирана како демонстратор на Институтот за дефектологија. Во период од 7 години, од 2010 до 2017г, работела како дефектолог и координатор на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост, кој функционира под раководство на Министерството за труд и социјална политика.
Од 2015 до 2018 работела како предавач по разни предмети на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово.
Во декември 2018 година била избрана во доцент од областите: Образование, Дефектологија (семејство и инвалидноста, специјална едукација и семејства, семејство и пречки во развојот).
Во текот на својот професионален ангажман зела учество во следните проекти:
– Црвен крст на Република Македонија, Програма за личен асистент за лица со попреченост (2018)
– Фондација за едукативни и културни иницијативи – Чекор по чекот Македонија, Проект на инклузивни партнерства во заедиците (2018)
– УСАИД, ЛЦИФ и Универзитет на Југоисточна Европа, Проект за лица со пречки во видот (2017-2018)
– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Напуштени деца од ромска национална припадност (2014-2015)
– Координативен Одбор за волонтерски услуги, Проект – Подобрување на вработеноста на жените Роми на пазарот на трудот во Македонија (2012-2014)
– Сојуз на дефектолози на Р.Македонија, Општински координатор во рамките на проектот „Унапредување на воспитно образовниот процес на децата со посебни образовни потреби на локално ниво“ (2010-2012)
– Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во соработка со Министерство за образование и наука „Работа со ученици со посебни образовни потреби“, (2010)
Зборува англиски јазик.
Истражувачки интереси: лица со пречки во развојот, семејствата и инвалидноста, родителство на дете со пречки во развој, интегрална рехабилитација на лицата со пречки во развојот, семејството и менталното здравје.