Актерката Паулина Манов за борбата со дислексијата: „Ги учам тексовите на памет, па глумам дека ги читам„
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted January 5, 2022

Актерката од филмот „Тома„ Паулина Манов отворено зборува за својата борбата со дислексијата
Кога некој има потешкотии во читањето, се вели дека се соочува со дислексија. Иако на многумина им е срам да признаат дека имаат дислексија или пак не се свесни за истотото, популарната српска актерка Паулина Манов храбро и отворено зборува за нејзината борба со оваа состојба.
Дислексијата е состојба која што предизвикува потешкотии во читањето и разбирањето на тоа што ќе се прочита, а најчесто се открива кога дете ќе тргне во училиште. Паулина беше гостинка во РТС Ординација каде што ги потврди своите сомнежи дека се соочува токму со оваа состојба.
Таа нема официјално дијаностицирана дислексија, но многу долго време се сомнева дека го има тој проблем: „Не сум дијагностицирана, затоа што во мое време, кога одев во основно училиште во осумдесеттите години, воопшто не се знаеше ништо за оваа состојба. Едноставно се сметаше дека не знам да читам и тоа е тоа. Вежбај повеќе, работи повеќе, учи повеќе и тоа е тоа.„
На прашањето дали поради дислексијата и било тешко во училиште, Паулина искрено одговара дека нејзината наставничка за цела среќа од неа не барала да чита на глас пред соучениците и токму затоа и не почуствувала посебни непријатности: „Меѓутоа секојпат кога некој ќе повика јавно да читам, јас се препотувам и навистина се чувствувам многу непријатно, особено кога треба јавно да прочитам некој текст со кој прв пат се среќавам.„
„Кога во текстот ќе наидам на повеќесложен збор, ги читам првите букви и ништо понатаму не гледам„
Папулина вели дека прв пат се посомневала дека има дислексија кога гледала една емисија на оваа тема: „Кога ги објаснуваа дислексичните потешкотии, што му се случува на човекот со дислексија додека чита – Јас само на крајот си реков па ова е тоа што мене ми се случува.„
Таа се потруди сликовито да го објасни начинот на кој што таа ги гледа буквите и како го доживува читањето: „Вие тргате, али како да ја снемало струјата, а работите на струја. Тргате па застанувате и како да нема што да ве поттурне да одите понатаму. НА пример, читате нешто и доаѓа некој подолг збор со повеќе букви, кој на пр. Почнува со про и јас ќе прочитам само при и понатаму нешто не гледам од зборот, и веднаш мојот мозок работи да се сети што всушност тој збор може да биде, дали е про-лет, дали е про-фесионалец или пак можеби про-фесор, и така доаѓаме до многу комични моменти, кога јас читам зборови кои воопшто не се напишани.„
„Во мојот живот, едноставно се случуваат тие измислувања на зборови. Па што биде нека биде, некогаш тоа знае да е непријатно, а некогаш па многу смешно, затоа што мојот мозок едноставно брзо работи.„ Вели Паулина смешкајќи се .
„Затоа мислам дека најверојатно луѓето кои имаат дислексија имаат и одредени предности и дарби за кои не знаат, а тоа е дека мораат да измислуваат. Кога имаме проби за читање, тоа е секогаш голема непријатност за мене, затоа што се препотувам и им гледам во очите и мислите на моите колеги и режисери, како мислат – леле како згрешивме што ја одбравме оваа жена да глуми. Па таа не знае да чита, а не нешто па да одглуми. И верувајте тоа е навистина непријатно чувство на почетокот, и тоа јас вежбам, вежбам и вежбам за да им докажам дека јас всушност знам да читам. Јас глумам дека читам, а всушност текстот сум го научила на памет и веднаш потоа следува : – Хаа, колку добро читам!„ искрено Паулина ја раскажа својата техника за надминување на овие проблеми.
Од главните знаци за препознавање на дислексија Паулина Манов кај себе ја препознала бавноста во читањето и заморот, но и заменувањето на зборовите и нагаѓањата на истите. Открива дека со пишувањето и нема проблем, и дека единствено проблемите се појавуваат при самото читање.

Оваа статија е преземена од порталот www.rts.rs