По примерот на повеќето развиени држави, Комисијата за информациски и комуникациски технологии при Филозофскиот факултет од Скопје го изработи првиот криличен фонт во светот наменет за лицата со дислексија DyslexicFZF.

DyslexicFZF го олеснува читањето кај лицата со дислексија, што ја прави текстуалната содржина подостапна за нив.

“Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува проблем во читањето” вели креаторот на светски познатиот dyslexia friendly фонт Кристиан Боер.

Освен што овој фонт можете да го преземете бесплатно, тој може да се користи во сите програми каде што има пишување, но може да се инсталира и на вашата е-пошта и Интернет-пребарувач.

Фонтот може бесплатно да го превземете  ТУКА.