“Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”
Здружението Ајнштајн со задоволство ви го најавува првиот вебинар во месец Ноември насловен “Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”
06-ти Ноември (Сабота) 10 часот на платформата ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде ќе биде проф. д-р Ана Фрицханд од Институтот за психологија Филозофскиот Факултет Скопје.
Преку овој вебинар учесниците ќе стекнат нови и ќе ги освежат постоечките знаења во врска со развојот и значењето на стимулирањето и одржувањето на психолошката резилиентност во детството и адолесценцијата, со цел одржување на добро ментално здравје во овие два многу динамични и важни развојни периоди.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на четири блока со мали паузи помеѓу секој од блоковите :
Блок 1
Во воведниот дел од вебинарот ќе се опфати што се се подразбира под психолошка резилиентност, кои се нејзините компоненти, што е до сега познато од релевантните истражувања и зошто е важна за оптималното функционирање на поединецот во текот на различни возрасни периоди.
Блок 2
Во вториот дел од вебинарот ќе се зборува за тоа како се развива резилиентноста во детството и адолесценцијата и како е поврзана со одржувањето на нивното ментално здравје.
Блок 3
Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот ќе биде на специфични активности/начини како резилиентноста да се стимулира во овие конкретни развојни периоди.
Блок 4
Дискусија и резиме.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате на следниов линк https://forms.gle/xC5urLheinZdxfQaA , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса порака ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 05-ти ноември.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Биографија на обучувачот Проф. д–р Ана Фрицханд
Проф. д–р Ана Фрицханд е родена 1978 година во Скопје. Дипломирала (2001) и магистрирала (2007) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во ноември 2003 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за психологија. Докторската дисертација на тема „Морално мислење и морална слика за себе кај адолесценти“ ја одбранила во мај 2010 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор по психолошки науки. Во звање доцент е избрана во октомври 2010 година, а во звање вонреден професор избрана е во април 2015 година. Во моментов е раководител на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во текот на 2008 година била меѓународен алумни на Универзитетот во Минесота-Твин Ситис, САД, како добитник на престижната стипендија Junior Faculty Development Program наменета за млади истражувачи и универзитетски наставен кадар, а администрирана од Амбасадата на САД во Р. Македонија и Стејт Департментот на САД. Од јули, 2017, до октомври, 2019 година била генерален секретар на Македонско Американската Алумни Асоцијација (МААА).
Во текот на нејзиниот досегашен професионален ангажман била ангажирана како главен истражувач, надворешен експерт и аналитичар на повеќе национални и регионални проекти финансирани од меѓународни организации како што се УНИЦЕФ, УСАИД, ОСЦЕ и слично. Воедно, во еден период била член на експертски тимови во Министерството за образование и наука и Министерството за здравство. Во моментов е актуелен потпретседател на Комората на психолози на РСМ.
Течно ги зборува англискиот, српскиот и францускиот јазик.
Истражувачки интереси: развојна психологија, применета развојна психологија, психологија на морал, психологија на мирот и конфликтите.

Биографија на обучувачот - Ангелка Кескинова