Вебинар “Практични методи и техники за дислексија по Британски модел ”
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted March 18, 2021

Практични методи и техники за дислексија по Британски модел
03-ти Април (сабота) 14 часот ZOOM
- Сесија 1
Во првиот дел на вебинарот ќе бидат претставени различни техники, методи и практични совети кои се применуваат за децата со дислексија во основните училишта. Обучувачката ќе посвети посебен фокус за тоа колку е важно да се изгради самодовербата кај децата со дислексија и како да се одржи мотивацијата кон учењето. - Сесија 2
Во втората сесија од вебинарот ќе се опфатат проблемите со кои се соочуваат децата со дислексија во средното образование и ќе претстават практични совети и методи за како да им се помогне на учениците со дислексија во средните училишта. - Сесија 3
Третиот дел од вебинарот ќе се фокусира на лицата со дислексија во високото образование и како предизвиците со кои што тие се соочуваат се решаваат преку индивидуалните сесии наречени „учење специјални вештини“ (Specialist One to One Study Skills). - Сесија 4
Последната сесија од вебинарот ќе се посвети на тоа колку е важно дислексијата и другите невролошки различности (neurodiversities) да се претставуваат како различен начин на размислување, а не како недостаток.
- Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
- Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Биографија на обучувачката Професор – Магистер Даниела де Силва (Караџовска)
По дипломирањето од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од областа на Англискиот јазик и литература и Италијанскиот јазик и литература, Даниела завршува магистерски студии со целосна стипендија на универзитетот во Кембриџ (М-р по Англиски јазик и применета лингвистика). Потоа Даниела го завршува магистерското истражување на Универзитетот Есекс од областа на лингвистиката со посебен фокус на клитиките во македонскиот јазик и до кој степен тие претставуваат предизвици за англиските говорители на македонскиот јазик. Истовремено, Даниела ги завршува и постдипломските студии и дијагностичката пракса од областа на дислексијата, диспраксијата, дискалкулијата и хиперактивноста и недостигот на внимание АДХД на Институтот Хорнсби, Лондон.
Даниела предавала нa Институтот за дислексија како обучувач за учители и наставници кои тренираат да станат (SENCO) координатори за деца со специфични потешкотии во учењето во основните и средните училишта. Потоа таа се вработува како педагошки советник, тутор и лиценциран дијагностичар во London South Bank University и Brunel University, London.
Моментално, Даниела го посветува своето време на две области. Во првата област таа е педагошки советник и тутор во областа на дислексија, диспраксија, дискалкулија и хиперактивност и недостиг на внимание (АДХД) на Универзитетот Вестминстер во Лондон. Таа работи со студенти на универзитетот и одржува индивидуални часови кои им помагаат на студентите со горенаведените дијагнози да научат нови мултисензорни стратегии за да постигнат успех во нивните студии.
Во втората област, Даниела работи како педагошки советник (Academic Professional Development Fellow) во Центарот за образование и едукативна иновација (CETI) на Универзитетот Вестминстер, каде што ги обучува професорите од различните факултети во областа на „Инклузивен педагошки дизајн“ (“Being Westminster: Inclusive Course Design”) и развој на дигитален пристап за сите студенти без оглед на нивните дијагнози. За овој аспект од нејзината работа на Даниела и е доделено признанието Senior Fellow of the Higher Education Academy (Advance HE) кое го доделува форумот за педагошко истражување во високото образование во Обединетото Кралство. Во последниве неколку години Даниела имаше можност да го претстави своето истражување и пракса за „Инклузивен педагошки дизајн“ не само во Обединетото Кралство туку и на меѓународни конференции.
Даниела е исто така лиценциран член на Професионалната асоцијација на наставници за студенти со специфични потешкотии во учењето – PATOSS ( Professional Association of Teachers of Students with Specific Learning Difficulties) и Националната асоцијација на практичари за пречки во учењето – NADP (National Association of Disability Practitioners).
Даниела има приватна пракса и работи како лиценциран дијагностичар за дислексија, диспраксија и хиперактивност/недостиг на внимание АДХД за деца, студенти и возрасни. Таа има долгогодишно искуство со различните дијагностички тестови и процедури за дислексија, диспраксија и хиперактивност/недостиг на внимание (АД(Х)Д) кои се применуваат во Обединетото Кралство.