Психолошко советувалиште

Психолошкото советување претставува специјалност во рамките на професионалната психологија која го одржува фокусот на олеснување на личното и меѓучовечко функционирање во текот на целиот животен век. Особено внимание е посветено на емоционалните, социјалните, образовните и развојно организациските проблеми. Практиката на психолошкото советување опфаќа еден широк спектар на културно-чувствителни теми кои им помагаат на луѓето да ја подобрат својата благосостојба, да ги ублажат негативните мисли и лошите прилагодувања, да ја решат кризата во која се наоѓаат и да ја зголемат нивната способност да функционираат подобро во нивните животи. Психолошкото советување фокусот го дава врз нормалните развојни проблеми и проблемите поврзани со емоционалните нарушувања. Психолошкото советување им служи на лица од сите возрасти и културни потекла, како индивидуално така и на групно ниво. Главната цел е да се создаде промена кај личноста, поголема ефикансност и подобрување на благосостојбата на клиентите

Психолошкиот советник има тенденција да истражува објективно. Да биде, рационален, аналитичен и емпатичен. Исто така да биде трпелив, грижлив и пријателски расположен, како и да ви овозможи на еден објективен начин да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате.

Психолошко советувалиште нуди услуги за:

    • Советување на лица кои се соочуваат со потешкотии во учењето како дислексија и сите форми на дислексија
    • Психолошка поддршка на родители на деца со дислексија
    • Индивидуално и семејно и системско советување
    • Партнерско советување
    • Работа на себе, личен раст и развој
    • Професионална поддршка за развој на личноста и поголема самодоверба
    • Психолошка поддршка
    • Стручно психолошко советување за вашето ментално здравје
    • ONLINE психолошко советување
    • Техники за справување низ криза
    • Проценка на потешкотија
    • Едукација за ментално здравје
    • Психолошка поддршка и консултации за потешкотии во училиште, семејство, партнерство и проблеми на работно место
    • Индивидуална работа со клиент за изнаоѓање решенија за проблем или потешкотија

Во психолошкото советувалиште работи психолог, семеен и системски советник Јана Димитриевска.

Јана Димитриевска е дипломиран психолог при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и долгогодишен работник во единственото Здружението за дислексија Ајнштајн.  Својата љубов и ентузијазам кон психологијата ја има насочено низ правец во психотерапијата. Во 2020 година се стекнува со сертификат за семеен и системски советник од европски сертифицирана Школа за системска семејна психотерапија во Македонија (Институт за брак, семејство и системска пракса Алтернатива). Се уште е во едукација кон стекнување на сертификат за психотерапевт.

Ја проучува човековата психологија 10 години и работела на повеќе специфични проекти наменети за: деца и млади лица со дислексија, психоедукација на адолесценти и млади лица со потешкотии во учењето и проблеми во однесувањето, булинг програми (програми за врсничко насилство), поседува големи вештини за работа со деца со потешкотии во учењето и однесувањето како и добро познавање на креирање на едукативни програми и игри за деца.

Јана е проектен асистент и менаџер на повеќе проекти за инклузија на ученици со дислексија, работа со млади лица низ изготвување на работилници и кампањи за говор на омраза. Има работено на еден од најголемите проекти каде што се изготви онлајн платформа “E-learning за дислексија”за обучување на огромен процент од наставниот кадар за дислексија во Скопје.

Во здружението Ајнштајн е задолжена за координација и организација на проекти, комуникација со клиенти низ формална и неформална мрежа на контакти како и организирање на тренинзи за обука на возрасни и млади лица.

Психолошкото советувалиште работи со закажување на:

damjanfinal21
Share
This