Селма Хаек Читам многу побавно од другите
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted July 23, 2021

Селма Хаек Читам многу побавно од другите
Селма Хаек е родена во 1966 година во Веракруз, Мексико и потекнува од богато семејство. На 12-годишна возраст нејзините родители ја испраќаат на школување во Њу Орлеанс. Токму таму и е дијагностицирана дислексијата, но го напушта училиштето. Своето образование го продолжува во Мексико, во полето на односите со јавноста, но по некоја година повторно го напушта факултетот за да биде актерка.
Се преселува во Калифорнија за да биде актерка, иако нема познавање на англискиот јазик. „Дојдов таму и не знаев англиски, немав Зелена карта, не знаев дека треба да имам агент, не знаев да возам и како капак на сè – сум дислексична.“
Хаек сфатила дека како латино-девојка многу тешко ќе успее да биде актерка во Америка и дека нејзините можности се навистина ограничени во споредба со останатите. Токму затоа се решава да оформи своја продуцентска куќа.
Веднаш по формирањето на продуцентската куќа, Хаек ја добива улогата на Фрида Кало во истоимениот филм кој добива 6 номинации за оскар, вклучувајќи ја и номинацијата на Хаек за најдобра актерка.
Учењето на англискиот јазик не претставувал проблем за неа. „Навистина брзо учам. Отсекогаш брзо сум учела, можеби и затоа во училиште не сфатија дека имам дислексија“, вели таа. „Дислексијата сега воопшто не ми пречи. Некои луѓе читаат многу брзо, но кога ќе им поставите прашање за тоа што го прочитале, нема да знаат да ви одговорат. Мене навистина ми треба многу повеќе време за да прочитам нешто за разлика од останатите луѓе, но затоа, кога нештото ќе го прочитам, го знам засекогаш.“
Таа е сигурна дека борбата со дислексија и нејзиниот успех се должат на големата поддршка од нејзиното семејство.

Биографија на обучувачката Професор – Магистер Даниела де Силва (Караџовска)
По дипломирањето од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од областа на Англискиот јазик и литература и Италијанскиот јазик и литература, Даниела завршува магистерски студии со целосна стипендија на универзитетот во Кембриџ (М-р по Англиски јазик и применета лингвистика). Потоа Даниела го завршува магистерското истражување на Универзитетот Есекс од областа на лингвистиката со посебен фокус на клитиките во македонскиот јазик и до кој степен тие претставуваат предизвици за англиските говорители на македонскиот јазик. Истовремено, Даниела ги завршува и постдипломските студии и дијагностичката пракса од областа на дислексијата, диспраксијата, дискалкулијата и хиперактивноста и недостигот на внимание АДХД на Институтот Хорнсби, Лондон.
Даниела предавала нa Институтот за дислексија како обучувач за учители и наставници кои тренираат да станат (SENCO) координатори за деца со специфични потешкотии во учењето во основните и средните училишта. Потоа таа се вработува како педагошки советник, тутор и лиценциран дијагностичар во London South Bank University и Brunel University, London.
Моментално, Даниела го посветува своето време на две области. Во првата област таа е педагошки советник и тутор во областа на дислексија, диспраксија, дискалкулија и хиперактивност и недостиг на внимание (АДХД) на Универзитетот Вестминстер во Лондон. Таа работи со студенти на универзитетот и одржува индивидуални часови кои им помагаат на студентите со горенаведените дијагнози да научат нови мултисензорни стратегии за да постигнат успех во нивните студии.
Во втората област, Даниела работи како педагошки советник (Academic Professional Development Fellow) во Центарот за образование и едукативна иновација (CETI) на Универзитетот Вестминстер, каде што ги обучува професорите од различните факултети во областа на „Инклузивен педагошки дизајн“ (“Being Westminster: Inclusive Course Design”) и развој на дигитален пристап за сите студенти без оглед на нивните дијагнози. За овој аспект од нејзината работа на Даниела и е доделено признанието Senior Fellow of the Higher Education Academy (Advance HE) кое го доделува форумот за педагошко истражување во високото образование во Обединетото Кралство. Во последниве неколку години Даниела имаше можност да го претстави своето истражување и пракса за „Инклузивен педагошки дизајн“ не само во Обединетото Кралство туку и на меѓународни конференции.
Даниела е исто така лиценциран член на Професионалната асоцијација на наставници за студенти со специфични потешкотии во учењето – PATOSS ( Professional Association of Teachers of Students with Specific Learning Difficulties) и Националната асоцијација на практичари за пречки во учењето – NADP (National Association of Disability Practitioners).
Даниела има приватна пракса и работи како лиценциран дијагностичар за дислексија, диспраксија и хиперактивност/недостиг на внимание АДХД за деца, студенти и возрасни. Таа има долгогодишно искуство со различните дијагностички тестови и процедури за дислексија, диспраксија и хиперактивност/недостиг на внимание (АД(Х)Д) кои се применуваат во Обединетото Кралство.