Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted July 26, 2021

Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба
Принцезата Беатрис открива дека има дислексија и дека таа состојба за неа представува чест и гордост. 28 годишната Беатрис, која била детектирана со оваа состојба кога имала 7 години, ја опишува дислексијата како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку.
За да го одбележи месецот на дислексијата, Принцезата Беатрис, отворено зборува за истата во центарот за дислексија Хелен Аркел, и вели: “Еден од моите најрани спомени е кога ја прелистував книгата на Беатрикс Потер. Се сеќавам дека илустрациите во книгата беа прекрасни, но зборовите во неа не ми значеа ништо. Кога одев на училиште го помнам моментот кога наставничката ми рече ‘што ме гледаш, зборовите не се напишани на моето чело’”
Беатрис, која е најстара ќерка на принцот Ендру и седмата личност до тронот, вели дека иако се уште прави грешки при пишувањето и читањето, откривањето на својата дислексија е најдобрата работа што некогаш и се случила.
“Со ова се справувам секој ден. Се уште правам грешки при пишување и се уште морам да ги препрочитувам е-поштите по неколку пати за да бидам сигурна дека правилно сум ги разбрала и напишала, но мислам дека сето ова прави да бидам повнимателна“- обајснува Беатрис
За да добијат поголема поддршка во училиште, Беатрис ги повика родителите и наставниците на децата дислексичари да им помогнат во справувањето со дислексијата. “Ако имав магично стапче, ќе им го покажев вистинскиот пат на наставниците и родителите за да можат да најдат време за овие деца и да им дадат можност да се откријат себе си.”- додава таа.
Принцезата тврди дека дислексијата се претвора во дарба дури откако учениците ќе го напуштат училиштето. “Дислексичарите можат да се докажат, дури откако ќе го напуштат училиштето. Кога ќе почнат да работат, нивната способност да размислуваат поинаку и надвор од границите им дозволува да бидат покреативни и да пристапуваат на проблемите малку поинаку, но и да бидат пофексибилни.”- вели Беатрис и додава: “Тоа што открив дека имам дислексија, беше најдоброто нешто што ми се случило, затоа што направи да станам дел од оваа заедница на луѓе кои навистина се залагаат за подобро образование на младите луѓе”