Што можат родителите на децата со дислексија и АДХД да научат од приказната за Џилијан Лин
- By damjanfinal21
- In АДХД/АДД, Блог
- Posted July 28, 2021

Што можеме да научиме од приказната на Џилијан Лин?
Растејќи во Англија во триесеттите години од минатиот век, а кога Лин имала 7 години на училиште била сметана за изгубен случај. Еден ден нејзината мајка добила известување од училиштето: „Вашата ќерка има нарушување на способноста да учи, не може да се концентрира, секогаш мрда, го прекинува часот, домашната никогаш не ја дава на време“…
Не можејќи да седи мирна, Џилијан го заработила прекарот “Wriggle Bottom”. Лин се чувствувала безнадежно, нејзините наставници биле огорчени од неа, а нејзината мајка не можела да се помири со нејзиното однесување. Денес докторите би рекле дека има АДХД, но во `30-те години кора растела Џилијан воопштом воопшто не постоел.
Нејзините родители ја однеле на лекар, ја седнале на стол на крајот од собата и ја натерале да седи цели 20 минути додека докторот и нејзината мајка разговарале за проблемите кои ги имала на училиште.
По 20-на минути докторот ѝ кажал да излезе надвор за да може да разговара со нејзината мајка малку насамо. Пред да излезе девојчето, тој го вклучил радиото, а малечкото девојче веднаш започнало да танцува.
Докторот се свртел кон нејзината мајка и ѝ рекол: „Не е болна и нема никаков проблем. Таа е само танчар. Испрати ја на часови по танцување.“
Мајката го послушала советот на докторот ја запишала во училиште за танц, и таа израснала во една од најуспешните танчерки во светот. Еден ден го запознала Ендру Лојд Вебер и заедно ги имаат направено некои од најпознатите кореографии во историјата.
Ова е приказната на Џилијан Лин, одлична современа кореографка, танчарка, експериментатор, актерка и режисер.
За време на нејзиниот креативен живот таа има направено неколку десетици претстави, опери, балети и мјузикли, вклучувајќи ја и легендарната „Мачки“ и „Фантомот од операта“.
Но што можеме да научиме од приказната на Џилијан Лин?
Јас често ги охрабрувам родителите да водат сметка за очекувања кои ги имаат од нивните деца, особено ако се работи за деца кои се соочуваат со дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД.
Нашите деца не прават многу работи на ист начин како и поголемиот дел од децата кои се повеќе т.н „традиционални ученици„. Тие учат со различно темпо, со различни методи и честопати се заинтересирани за учење во реалниот живот – лесно им станува досадно со традиционалното учење.
Што ќе се случеше ако младата Џилијан Лин порасна во нашите денешни училишта? Таа сигурно ќе претставуваше голем проблем како за нејзините наставници така и за нејзините родители. Сепак, веројатно е дека секоја медицинска помош што ја добила би резултирала со тестирање, дијагноза и лекови како што и најчесто се случува денеска.
Јас НИКОГАШ не им судам на родителите што одат по овој пат. Ни малку затоа што нормално е секој родител да го поминува истиот пат.
Она што го предлагам е да се повлечеме од нашите идеи за тоа како треба да бидат работите поставени и да се запрашаме како нашите очекувања можат да ги попречат нашите деца да го остварат својот потенцијал.
Што значи да се едуцира? Кои се нашите цели во едукацијата на нашите деца? Зошто?
Дали ги учиме нашите деца да постигнат цели што нас ќе не направат да изгледаме како подобри родители?
Ама ние мораме да бидеме свести дека нашите деца се родени со сите овие дарби и таленти кои произлегуваат од специфичните состојби кои предизвикуваат потешкотии во учењето. А токму тоа значи дека традиционалното образование речиси и да не им одговара на потребите на нашите деца.
Променете ги вашите очекувања од вашето дете и дозволете му да биде тоа што тој сака.
Можеби токму вашата ќерка е наредната Џилијан Лин.