GIVEAWAY ВЕБИНАР “ДИСЛЕКСИЈАТА: ПРЕПОЗНАВАЊЕ, СТРАТЕГИИ И РЕШЕНИЈА”
- By damjanfinal21
- In Uncategorized
- Posted September 22, 2021

“Дислексијата: препознавање, стратегии и решенија”
Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ви го најавува првиот вебинар од втората сезона на едукативни вебинари за оваа година насловен “Дислексијата: препознавање, стратегии и решенија”
Датум на одржување: 02-ри октомври со почеток во 10 часот
Платофрма: ZOOM
Обучувач: Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД, член на Меѓународната Дејвис асоцијација за дислексија.
Времетраење: 4 часа
Вебинарот ќе биде поделен на четири сесии и тоа:
Сесија 1
Во првиот дел на вебинарот ќе бидe објаснета природата на дислексијата како различен начин на процесирање на информациите според теоријата на РонДејвис. Посебен фокус ќе биде ставен на причините за различноста и на главните вродени карактеристики на сите оние кај кое е препознаена дислексијата , карактеристики кои воедно се дарба и пречка при вообичаениот начин на образование.
Сесија 2
Во втората сесија од вебинарот ќе се запознаете со оние знаци според кои можете да ја препознаете дислексијата. Препознавањето е првиот чекор на освестување на проблемот по што следат начини за корегирање на состојбата. Во овој дел од вебинарот ќе бидат опфатени и сличностите и разликите меѓу дислексијата и останатите состојби кои предизвикуваат тешкотии во учењето како што се дискалкулијата, АДХД , дисграфија и диспраксија.
Сесија 3
Третиот дел од вебинарот ќе се фокусира на практични совети за наставници, родители и сите оние кои работат со лица со тешкотии во учењето. Во оваа сесија ќе се запознаете и со начините како да ја подигнете самодовербата и мотивацијата како клучни фактори за психичкиот развој на децата кои тешко се прилагодуваат на вообичаениот начин на образование.
Сесија 4
Практични вежби – “ Да им дадеме живот на пишаните зборовите“
Главниот бенефит за учесниците од овој вебинар ќе биде можноста да се запознаат со природата на дислексијата со што суштински ќе ги разберат тешкотиите на оние кои се соочуваат со оваа состојба. Овој вебинар ќе ви овозможи да ги надградите вашите знаења со палета од практични совети за помош на учениците со дислексија. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се изгради самодовербата и мотивацијата кај учениците со дислексија. Алатките на Рон Дејвис за корекција на дислексијата со кои ќе ги научат учесниците ќе ви бидат од голема корист при индивидуална работа учениците со дислексија.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате на следниов линк https://forms.gle/YHryD1NBum35a8dg9 , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса и преку СМС порака ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Попусти за котизација:
- Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попуст
- Доколку се пријавите на 4 вебинари во октомври добивате 30% попуст на секој од вебинарите
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 30-ти септември.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
- Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
- Со платежна картичка преку нашата веб страна
- Уплата на фактура.
Биографија на обучувачот Славица Тасевска Николовска
Славица Тасевска Николовска е основач и претседател на Здружението за дислексија АНШТАЈН во периодот од 2013 до 2015 година. Таа е еден од најистакнатите практичари за корекција на состојбите кои предизвикуваат специфични потешкотии во учењето во нашата држава. Зошто и како се одлучува да ја започне кариерата во оваа област можете да дознаете од нејзината лична приказна.
Мојата приказна – и книгата што ми го промени животот
Јас сум Славица Тасевска Николовска , дипломиран градежен инженер со богата кариера зад себе во областа на инвестициите во градежништвото. Можеби ви звучи чудно, но јас ја сменив мојата професија во една сосема спротивна насока која го измени мојот живот во позитивна смисла. Ваквите промени не беа случајни. Проблемот со кој се соочивме во семејството го диктираше мојот поинаков професионален развој. Имено, кога моето трето дете појде на училиште , забележавме дека тој има тешкотии во совладување на основните вештини за читање и пишување и покрај тоа што тој е бистро, досетливо и интелигентно дете.
И покрај напорите што ги вложувавме во семејството и напорите што ги вложуваа стручните лица од областа на педагогијата и логопедијата, тешкотиите останаа и во третото одделение. Институциите не ми дадоа одговори зошто моето дете не може да чита. Почнав да истражувам и ги открив симптомите на дислексија кај моето дете. Кога проблемот беше лоциран требаше да се најде решение и пристап за корегирање на ваквата состојба. На интернет пронајдов многу информации за различни методи за корекција на дислексијата. Посетив и завршив неколку on-line курсеви за дислексија. Сите имаа фонетски пристап и беа прилагодени за англискиот јазик. Се обидов да ги применам знаењата, но не дадоа видлив резултат од работата со детето. Додека истражував и ја проучував дислексијата наидов на книгата “Gift of Dyslexiа” од Роналд Дејвис на која на насловната страна е наведено : “ Зошто некои од најпаметните луѓе не можат да читаат …. и како може да научат“ . Книгата веднаш го привлече моето внимание. Ја порачав и не можев да престанам да ја читам. Не само што ги пронајдов сите симптоми и карактеристиките на дислексијата туку добив и јасна претстава за тоа што претставува оваа специфична тешкотија. Во книгата Рон Дејвис ја разоткрива клучната причина за повеќето тешкотии во процесот на учење и дава прецизни инструкции за корегирање на овој проблем, користејќи ги талентите што ги поседуваат лицата со дислексија Сепак книгата не беше доволна за да се стекнам со вештините за работа со овој метод.
Иако не беше лесно, донесов одлука да ја посетам првата работилница од тренингот што го организира “Davis Dyslexia Association International” која се одржа во Болоња Италија 2013. Потоа следеа многубројните тематските обуки во Болоња, Венеција и Париз, и по нивното завршување го добив звањето “ Лиценциран Дејвисов Фацилитатор“ во февруари 2016 година. http://www.davismethod.org/item/slavica-nikolovska/
Со оваа лиценца овластена сум да работам со деца и возрасни на разрешување на проблемите со дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДД/АДХД по методот на Рон Дејвис. Позитивните искуства од досегашната работа со клиентите ми дава уште повеќе верба дека решение за дислексијата и сличните состојби постои и дека овој метод навистина го менува животот на многу луѓе кои се соочуваат со тешкотии со учењето
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

“Дислексијата: препознавање, стратегии и решенија”
Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ви го најавува првиот вебинар од втората сезона на едукативни вебинари за оваа година насловен “Дислексијата: препознавање, стратегии и решенија”
02-ри Октомври (сабота) 10 часот ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД, член на Меѓународната Дејвис асоцијација за дислексија.
Вебинарот ќе биде поделен на четири сесии и тоа :
- Сесија 1
Во првиот дел на вебинарот ќе бидe објаснета природата на дислексијата како различен начин на процесирање на информациите според теоријата на РонДејвис. Посебен фокус ќе биде ставен на причините за различноста и на главните вродени карактеристики на сите оние кај кое е препознаена дислексијата , карактеристики кои воедно се дарба и пречка при вообичаениот начин на образование.
- Сесија 2
Во втората сесија од вебинарот ќе се запознаете со оние знаци според кои можете да ја препознаете дислексијата. Препознавањето е првиот чекор на освестување на проблемот по што следат начини за корегирање на состојбата. Во овој дел од вебинарот ќе бидат опфатени и сличностите и разликите меѓу дислексијата и останатите состојби кои предизвикуваат тешкотии во учењето како што се дискалкулијата, АДХД , дисграфија и диспраксија.
- Сесија 3
Третиот дел од вебинарот ќе се фокусира на практични совети за наставници, родители и сите оние кои работат со лица со тешкотии во учењето. Во оваа сесија ќе се запознаете и со начините како да ја подигнете самодовербата и мотивацијата како клучни фактори за психичкиот развој на децата кои тешко се прилагодуваат на вообичаениот начин на образование.
- Сесија 4
Практични вежби – “ Да им дадеме живот на пишаните зборовите“
Главниот бенефит за учесниците од овој вебинар ќе биде можноста да се запознаат со природата на дислексијата со што суштински ќе ги разберат тешкотиите на оние кои се соочуваат со оваа состојба. Овој вебинар ќе ви овозможи да ги надградите вашите знаења со палета од практични совети за помош на учениците со дислексија. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се изгради самодовербата и мотивацијата кај учениците со дислексија. Алатките на Рон Дејвис за корекција на дислексијата со кои ќе ги научат учесниците ќе ви бидат од голема корист при индивидуална работа учениците со дислексија.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк . Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Попусти за котизација:
- Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попуст
- Доколку се пријавите на 4 вебинари во октомври добивате 30% попуст на секој од вебинарите.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
- Преку уплатница пп30 или пп10 директно во банка или преку електорнско банкарство
- Со платежна картичка на нашата веб страна www.edukacija.com.mk
- Уплата преку фактура
Последен предвиден рок за уплата е 30-ти септември.
Биографија на обучувачката Славица Тасевска Николовска