Вебинар “Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted September 22, 2021

“Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”
25-ти Октомври (понеделник) 18 часот ZOOM
- Сесија 1
Воведниот дел од вебинарот ќе биде посветен на теоретската рамка и основните карактеристики на РЕБТ, како една од доминантните во КБТ психотерапиите и нејзината ефикасност при третман на анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти. Ќе бидат претставени развојните специфики во периодот на детство и адолесценција и типичните ментални проблеми во овие развојни периоди, со посебен акцент на анксиозните и депресивни растројства според когнитивно бихејвиоралните модели - Сесија 2
Во вториот дел од вебинарот од развојно психопатолошка перспектива ќе се зборува за стравовите и анксиозните растројства во развојните периоди на детство и адолесценција. Ќе бидат презентирани РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници. - Сесија 3
Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот ќе биде на развојно психопатолошката перспектива на депресивните растројства и суицидот. Ќе бидат презентирани РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници.
Дискусија и резиме.
Цели на вебинарот:
Учесниците на вебинарот ќе добијат проширени знаења кои ќе им помогнат во полесно идентификување на анксиозните и депресивните состојби во развојните периоди на детство и адолесценција
Ќе добијат поширока слика за улогата на разни фактори во етиологијата и третирањето на анксиозните и депресивни состојби кај деца и адолесценти
Ќе се запознаат со разни техники и примери од клиничка пракса кои се применуваат во РЕБТ & КБТ психотерапевтската пракса во работа со деца и адолесценти, како и за апликативните можности во образовната пракса
- Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 ипол часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
- Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да ја пополните електонската пријава за регистрација достапна со кликнување ТУКА, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
• Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попусти
• Доколку се пријавите на 4 вебинари во октомври добивате 30% попуст на секој од вебинарите
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/
• Уплата на фактура.
Биографија на обучувачката Професор Д-р. Ленче Милошева
ПРОФ. Д-Р ЛЕНЧЕ МИЛОШЕВА
Редовен професор на Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип;
Клинички психолог и РЕБТ & KБT психотерапевт, консултант – дел од медицинскиот стручен тим на Болница Неуромедика, Скопје
Редовен професор на Факултет за медицински науки, Катедра за психијатрија и клиничка психологија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (области : Mедицинска и клиничка психологија; Психопатологија; Психотерапија). Раководител на докторски студии за студиска програма Невронауки.
Клинички психолог и РЕБТ & КБТ психотерапевт, Associate Fellow at Albert Ellis Institute, New York, USA; Европски акредитиран КБТ психотерапевт (European Association for Behavioral and Cognitive Therapy) и Национален сертификат за психотерапевт (Serbian Union of Association for Psychotherapy); Посебна лиценца за Психологија на здравје (Комора на психолози на Македонија).
Долгогодишно клиничко искуствo во клиничка психодијагностика и невропсихолошка дијагностика, психолошко советување и психотерапија на Одд. за психијатрија и неврологија, Воена болница, Скопје и клинички усовршувања на Универзитетска Клиника за психијатрија и психотерапија, Нирнберг, Германија; LAPIS (Laboratory for Anxiety, Phobia & Internalizing Disorder Studies), Baton Rouge , USA. Актуелно работи и како консултант за психодијагностика и невропсихолошка дијагностика, РЕБТ и КБТ психотерапија во Болница Неуромедика, Скопје.
Едукација во психотерапија :
2011 год.- Системска и семејна психотерапија, Школа за системска и семејна пракса, Алтернатива, Скопје (EAP).
2015-2020 год. РЕБТ и КБТ психотерапија, Придружен центар на Алберт Елис Институт, Њујорк, РЕБТ Центар, Белград. Прв сертифициран РЕБТ и КБТ психотерапевт во Македонија. Континуирана едукација во нови КБТ психотерапевтски правци и модули (Дијалектичка бихејвиорална терапија, ЕМДР терапија, Шема терапија). Во тек усовршување на напредно ниво на детска клиничка психодијагностика, Загреб и напредно ниво на невропсихолошка дијагностика во Белград.
2009 – 2015, Втори докторски студии од Клиничка психологија и Психопатологија, Доктор по психолошки науки, Универзитет во Белград
Научни студиски престои и усовршувања на универзитетите во : Батон Руж, Белград, Копенхаген, Лувен, Рим, Марибор, Самара, Загреб, Нирнберг, Бамберг, Њујорк.
Над 100 научни трудови од психопатологија и психотерапија, објавени во референтни научни списанија; автор на учебници и научни монографии; стручен редактор на научни книги, раководител на меѓународни проекти. Поканет предавач на меѓународни конгреси, конференции и универзитети со трудови-научни истражувања од психопатологијата и психотерапијата.
2007-JFDP Alumnа, Постдокторско усовршување во САД, Визитинг професор на Louisiana State University, Baton Rouge, Детска и адолесцентна клиничка психологија и Развојна психологија и психопатологија.
2002-Доктор на психолошки науки, Развојна, социјална и Клиничка психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје .
Додипломски и постдипломски студии од психологија и применета психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј, Скопје.
Член на Национална комисија за унапредување на ментално здравје, Министерство за здравство
Национално стручно контакт лице на СЗО за ментално здравје
Член на меѓународни угледни психотерапевтски професионални асоцијации (ЕABCT, АCBTS, SUAP, Associate Fellow at Albert Ellis Institute, New York, USA).
.

Биографија на Професор Д-р. Ленче Милошева